August 14, 2020, 3:47 am

ДИМИТРИЕВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Оризопроизводителите ќе ја добијат вистинската цена која ја бараат

Поврзано

Дeтaлeн пpeглeд – Вo кoи cкoпcки oпштини имa нajмнoгy зaрaзeни co кoрoнaвиpyc?

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле 5239 скопјани. Од нив, во моментов бројот на активни случаи изнасува 1057. Активни...

Без cтpyјa утре дeл од Кисела Вода и Сарај

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела...

Водата во Скопје бeзбeднa и квaлитeтнa за пиeњe

Скопјани пијат здрава вода за пиење, покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од...
- Advertisement -

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ја посети општината Чешиново Облешево, каде што се сретна со градоначалникот Костадин Личков, и имаше средби со жителите и со земјоделци оризопроизводители.

dimitriev-emil-640x364

На средбата со градоначалникот станало збор за реализација на започнатите проекти во општината меѓу кои приоритет е даден на патниот правец од Штип кон Кочани кој поминува низ оваа општина.

На средба со земјоделците оризопроизводители Димитриев ги истакна новите мерки на владата за унапредување на земјоделството и селото.

– Ќе настојуваме оризопроизводителите да ја добијат вистинската цена на оризот што ја бараат. Токму затоа утре на тој терен ќе претстојуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Државниот инспекторат кои на лице место треба да утврдат дали е започнат откупот на арпата и белиот ориз од годинашнава реколта. Ние се залагаме откупната цена за килограм арпа да биде од 18 до 22 денари, истакна Димитриев.

dimitriev-emil1

Тој најави и нови поволности за земјоделците и притоа посочи дека за системите капка по капка, тие ќе имаат државни субвенции во висина од 80 проценти. За изградба на системи за наводнување ќе се вложат 140 милиони евра, рече, а за купување земјоделска механизација односот ќе биде 60:40 со поддршка на државата.

За развој на малите рурални места, отворање на бизниси и вработување на невработени и стечјаци Владата, рече Димитриев, ќе го поддржи овој сектор со доделување на 2.000 односно 4.000 евра за невработено лице односно стечаен работник.

Димитриев имаше средба и со жителите на неколку населени места од општината Чешиново – Облешево.

Latest News

ДЕНЕСКА БОГОРОДИЧНИ ПOKЛАДИ: Макавеите во македонската народна тpaдиција

Во животот на нашиот народ макавејските денови имаат важно место. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните...

Сончево до 36 степени, за викендот нecтабилно со дожд и гpмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и...

Eckaлиpa нeзaдoвoлcтвoтo кај граѓаните, 3aпaлeни два автомобили на ЕВН во Тетово

Два службени автомобили на ЕВН вечерва се запалени во Тетово, информираат граѓани на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации за причинителите, ниту пак за евентуални...

Сpaмота: Пензиониран генерал прeживува гoлгoта, 10 дена со температура оставен да лeжи дома без лeкарска помош

Која здравствена институција функционира во оваа држава? Ова прашање го поставува Агрон Газафер чиј татко преживува голготa во Македонија. Тој на социјалните мрежи побара помoш...

Викендов останете дома, ново нeвpeме ќе ја зaфати Македонија

За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места...

More Articles Like This