ДИМИТРОВ БЕГА ОД ОДГОВОРИ: Министерот за надворешни не сака да одговори, чија иднина зависи од бегалците – на државата, или на владата?

  • September 3, 2017

Во обид да ја реалтивизира сериозноста на ситуацијата со планот за примање на мигранти, нивно интегрирање и вдомување на трошок на граѓаните, Никола Димитров во повеќе несмасна изјава на социјалните мрежи, ја спореди загриженоста на граѓаните со баналност, алудирајќи на тоа дека сите кои се потпишале на иницијативата биле „исплашени“ или необразувани

 

„Рефрендум против населување на вонземјани! Ги нема де, ама сеедно. Битно е да се има страв. За да нема одговорност…и иднина.“ – напишал Димитров на својот Твитер профил, но не допрецизирал, за чија иднина се работи, и за чија одговорност.

Димитров дури и се дрзнува да ја релативизира загриженоста на граѓаните, од чии пари треба да се финансира интеграцијата и вдомувањето на мигрантите.

На оваа негова несмасна изјава на социјалните мрежи, му поставивме и новинарско прашање.
„Министре, чија иднина ја обезбедуваат бегалците? Вашата, или нашата?“ – со цел да дознаеме дали приемот на бегалци ќе значи и просперитет на државата, и ако е така на кој начин ќе се оствари тоа, и чија иднина би зависела од тоа дали Македонија ќе прими или не бегалци. Иднината на државата или владата?

Димитров, сеуште не одговара.

 

Претходно «
Следно »