ДИМИТРОВ ГО МОЛЕЛ ГРУЕВСКИ ДА СТАНЕ МИНИСТЕР: Никола Димитров плукал по сопствениот татко за да добие функција!

  • February 10, 2019
  • Коментари

Уште една ексклузива од ексклузивното интервју на Никола Груевски за Инфомакс. Груевски ја потврди шпекулацијата дека Никола Димитров своевремно го ,,молел” да добие функција во неговата влада, поточно по заминувањето на Атнонио Милошоски да стане нов министер за надворешни работи. Димитров отишол и дотаму да се понуди да облече партиски дрес, односно се понудил да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ. За него тој искоментира дека е интересна фигура извонредна во правење лице и голем лицемер спремен на се за да стигне до функција и да има некаква корист.

-Не би рекол дека Никола Димитров има десничарска идеологија. Тој ореолот на десничар го носи заради неговите родители, тој никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ , никогаш. Па да се понуди за фунцкија, тоа беше во времето кога Антонио Милошоски поднесе оставка и имаше период кога требаше да изберам нов министер, тој дојде во мојата канцеларија и недвосмислено, јасно кажа дека е подготвен да облече партиски дрес, доколку ја добије позицијата министер за надворешни работи. Јас сериозно го размислив тоа, но на крај се одлучив да одам со предлогот за Никола Поповски во тоа време. Така што тој со тоа докажа дека никогаш не бил во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој ниту има книшка. Но неговите родители бидејќи се уште од раните почетоци на ВМРО-ДПМНЕ, сите сметаат дека и тој е ВМРО-ДПМНЕ. И веројатно кога му треба тоа го користеше тоа, па кога не му треба кажува дека никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Така се работи за една интересна фигура, која е извонредна во правење лице, извонредна во лицемерие, извонредна во влегување под кожа кај некој од кој што очекува некаква корист, некоја функција итн. Знае многу слаткоречиво да настапува од тој дел и е еден од ректите кои што сум ги запознал кој е вистински мајстор за таква работа.

Груевски спомена и анегдота со таткото на Димитров кој бил советник на Извршниот комитет на партијата, односно присуствувал на седниците, но немал право на глас. Кога ВМРО-ДПМНЕ го поддржало Трифун Костовски за градоначалник на Скопје и ја создало коалицијата ,,За подобра Македонија”, Димитров постариот ја напуштил партијата обвинувајќи го раководството дека станало дел од некаква си грчко-српска оска за потоа токму неговиот син да ја потпише промената на името и како што вели Груевски да ги прифати сите барања на Грција.

Кога бевме во опозиција неговиот татко беше советник на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Не беше член туку советник, не присуствуваше на седници, но гласаше. Како повозрасен, поискусен, постар итн. Него и господинот Никола Кљусев ги викавме како советници. Дојде периодот пред локалните избори 2005 година. Тоа беше многу тежок период за ВМРО-ДПМНЕ. Беше време на агонија. ВМРО беше поделено, Љубчо еден дел во ВМРО-НП, ние останавме дел тука. Најпознатите лица што беа дотогаш во ВМРО-ДПМНЕ најголем дел од нив замина со Љубчо. Ние бевме со нови луѓе кои што никој не ги познава и беше исклучително критичен и финансиски тежок за ВМРО-ДПМНЕ, финансиски целосно исцрпени. И правевме анализи како е најдобро да се постапи за да се победи и на крајот донесовме одлука да направиме коалиција ,, За подобра Македонија” во која што ја инкорпориравме и Социјалистичката партија, предводена од Љубисав Иванов Ѕинго, тој го повлече и Павле Трајанов, тоа му беше услов за да и тој дојде. Значи Ѕинго е таков човек кој не ги напушта пријателите, тој секогаш се грижи некој со кој тој соработува да не се почувствува напуштен, така некако и Павле влезе во коалицијата. И истовремено донесовме одлука да ја поддржиме кандидатурата на Трифун Костовски иако имавме големи дилеми, средбите со него не ни даваа премногу ентузијазам, но сепак имаше една трифуноманија во тој период. Сите беа Трифун во такси ќе влезе, Трифун во продавница, беше победник пред да почне утакмицата. Донесовме такви одлуки и тогаш таткото на Никола Димитров стана на седница на ИК си го облече шеширот, палтото и кажа ја веќе не сакам да бидам дел од оваа српско-грчка оска. Односно оска Белград-Атина, ние сите го гледавме збунети човекот, сеа од кај ние испаднавме Белград-Атина. Не ни е јасно, но сега испадна Атина неговиот син бидејќи ги прифати сите, буквално сите барања на Грција ги прифати и ни направи штета која што не знам дали некогаш ќе успееме да ја поправиме. Но тогаш така мислеше. И толку замина и тој после не ни правеше, така самиот Димитров зборам за таткото не се појавуваше некој период.

Кога ВМРО-ДПМНЕ се вратило на власт, Груевски имал средба со Димитров кој во тоа време бил амбасадор во Вашингтон. Димитров му признал на тогашниот премиер дека исклучително лошо говорел за ВМРО-ДПМНЕ во САД, поради ставовите на неговиот татко, односно без да провери го оцрнувал ВМРО-ДПМНЕ, за потоа да му вети на Груевски дека се што зборел каде што зборел ќе го исправи и ќе ги повлече своите тврдења.

Но кога дојдовме на власт Никола Димитров се уште беше амбасадор во САД и заминавме во Вашингтон и една вечер, која завршија сите средби, тој почна да ме распрашува малку како сме поминале низ овие две-три години. Јас му раскажав каков тежок период беше тоа.  Како некако успеавме со крајни напори да ја вратиме партијата на власт со многу детали. И тој ме праша зошто направивте коалиција со Ѕинго со Павле Трајанов, зошто го поддржавте Трифун сите тие работи поради кои што татко му не напушти. И откако добро му ги објасни работите и чекорите, сите детали, каква била анализата, што сме очекувале. Тој вели па, у па јас ова не го знае, сега вака кога ми го кажувате ми изгледа многу логично, а доста лошо зборев за вас тука. Што си зборувал? Зборувал лошо во Вашингтон, во Стејт Департмент, во Белата Куќа, многу лошо зборев. Зборев дека сте таа оската нели Белград, Атина, Милошевиќ не знам што. Ама сега вика ќе ја оправам работата. Откако го чув ова, откако го чув објаснувањето сваќам дека. Велам од каде ти тие идеи, па ми вели од татко ми што го слушав, вели и јас тука зборев тоа. Тоа не е баш професионално кога амбасадорот слуша татко му што збори и без да провери, без ништо ќе оцрнува некого. После ми се јавуваше дека ги поправил работите, дека им се јавил на истите луѓе на кои што им го рекол претходно тоа, им кажал дека не е така дека е различно, дека не знаел некои работи, добил дополнителни информации.

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 10. Februar 2019

Потоа вели Груевски, Димитров се однесувал коректно и се согласувал со најмногу од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, клучната разлика со него во која се разликувале била како да се реши проблемот за името. Екс премиерот вели дека своевремено не знаел дека Димитров соработува со странски служби, но од тоа што го прочитал во медиумите и протечените документи од Викиликс му разјасниле некои работи во врска со актуелниот министер за надворешни.

 

 

Претходно «
Следно »