Димитров за претседател, Пендаровски министер?

  • February 9, 2019

Никола Димитров да биде кандидат за претседател, Радмила Шекеринска да го заземе неговото место во Министерството за надворешни работи, Стево Пендаровски да застане на чело на Министерството за одбрана, а Оливер Спасовски да остане „прв полицаец“.

Ова е една од варијантите за која се размислува во СДСМ откако овие четворица истакнати претставници на власта искажаа амбиции да се кандидираат за шеф на државата, пишува „Независен“.

Огласот во СДСМ сѐ уште трае, а засега не се открива дали некој се пријавил. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера уште еднаш повтори дека нема амбиции да се пресели во вилата на Водно. Иако за себе смета дека би бил идеален консензуален кандидат, но, сепак, како што вели, бил млад за таа функција.

Претходно «
Следно »