ДИМИТРОВ: Идејата на францускиот нон-пејпер е да се забрза процесот на преговори

Поврзано

СЕЛА БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА КАМПАЊАТА НА ЗАЕВ: Вирусот им го сервираат на граѓаните

Огорчени сме од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и...

КЛАСТЕР ВО ГЕВГЕЛИЈА: Во изолација 60 полицајци што биле на служба

Околу шеесетина полицајци што ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес...

ОД СКАНДАЛ ВО СКАНДАЛ: Што бара директорот на Агенцијата за разузнавање на партиски состанок на СДСМ?

Партиските состаноци на Бихаќка однесоа во самоизолација околу 75 лица. Кластерот на СДСМ од кој позитивни на Ковид 19...

Во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи. Важно е што крајот на процесот е полноправно членство, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ.

Тој појасни дека Владата одржала средба со сите надлежни ресори и разговарала со многу од експертите за францускиот нон-пејпер.

– Важно е што се става акцент кога се презентира нон-пејперот дека идејата е да се забрза процесот. За нас е важно во регионот да има еден процес за да можеме да се натпреваруваме рамноправно со другите земји кои веќе се во пристапниот процес како што се Црна Гора и Србија, инаку нема да има реформски натпревар. И важно е што поитно да се постигне консензус меѓу земјите членки, за овој процес да се отвори – изјави министерот Димитров.
Европскиот пат, рече Димитров, е во фокусот на граѓаните по не добивањето на одлуката во октомври од страна на Европскиот совет и мислам дека во следниот период мојата клучна порака и овде и на сите средби со министрите на земјите членки ќе биде дека потребно е итно и без одлагање донесување на одлука за почеток на пристапните преговори.

– Тоа е важно за нашите напори дома, важно е за Балканот, меѓутоа важно е и за сериозноста и кредибилитетот на ЕУ во контекст на политиката на проширување на Западниот Балкан. Тоа ќе овозможи да се создаде политичка атмосфера и да се усоврши процесот на пристапување во светлината на оние земји членки кои сметаат дека е потребно да се подобри методологијата за да биде процесот вистински трансформативен, поефикасен и побрз. А и граѓаните од регионот да имаат побрзи бенефиции од реформските чекори – изјави Димитров.

Актуелно

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа...

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е починат, а хоспитализирани се 6...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести