ДИМИТРОВ НЕ ГУБИ ВРЕМЕ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЗАДАЧАТА ОД ЕМИСАРИТЕ: Веднаш договорил средба со Коѕиас, за промена на уставното име на Република Македонија

  • June 1, 2017
  • Коментари

Уште не седнат во министерската фотелја, новиот министер за надворешни работи Никола Димитров веќе се зафати со најголемата задача на инсталираната Влада на Зоран Заев, решавање на спорот со Грција и промена на уставното име на Република Македонија. Веќе е договорена средба со грчкиот шеф на МНР, Никос Коѕиас.

Во својата прва изјава како прв човек на македонската дипломатија, Димитров одговарајќи на новинарски прашања во врска со спорот за името, рече дека дека тој ќе бил надминат со, како што кажа, правење пријатели, а не со губење пријатели и не со давање дополнителни аргументи и олеснување на блокадата.

Шефот на грчката дипломатијата Никос Коѕиас најави дека наскоро ќе се сретне со Димитров, коментирајќи дека веќе неколку пати разговарал со Зоран Заев и забележувајќи дека со новата македонска влада треба да се разговара и за тоа како „креативно и преку компромис да се надминат проблемите од минатото“.

Аналитичарите веќе коментираат дека приоритетите на Заев е по секоја цена Република Македонија да влезе во НАТО, а тоа би значело и промена на името.

Кој е Никола Димитров?

Никола Димитров, успешно ја одржува кариерата две децении и постојано на високи државни функции, од позициите советник, преку амбасадор до преговарач за името, без разлика која политичка опција е на власт. Но, што корисно тој сработил за Македонија во својата кариера? Што оставило белег како голем позитив како во земјава, така и во нејзината надворешна политика?

Никола Димитров е син на Димитар Димитров кој беше министер за образование во првата експертска влада и Ратка Димитрова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието. Тој кариерата во политиката, за чудо, ја почна во Министерството за надворешни работи во 1996 година, во времето на најцврстото владеење на СДСМ, како меѓународен адвокат за човекови права, и тоа како што тогаш пишуваа медиумите, најмногу благодарејќи на взаемната одушевеност со тогашниот министер Љубомир Фрчкоски и стипендијата од странска фондација за магистрирање меѓународно право на Универзитетот во Кембриџ.

Во 1998 година со победата на ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски, неговиот татко Димитар Димитров станува министер за култура, а Никола Димитров две години подоцна беше унапреден во заменик министер за надворешни работи. Потоа, станува и советник за национална безбедност во кабинетот на претседателот Борис Трајковски, кабинет во кој благодарејќи на покојната Доста Димовска, се вгнездуваат и проверените и неодделни од ликот и делото на помладиот Димитров и Фрчкоски и новинарот Борјан Јовановски. Во 2001 година, по истекувањето доверливи информации во текот на конфликтот во…

Во 2001 година, по истекувањето доверливи информации во текот на конфликтот во тогаш опозициските медиуми, владата на ВМРО-ДПМНЕ го испраќа за амбасадор во Вашингтон, истовремено кога неговиот татко Димитар Димитров е амбасадор во Москва.

Во овој период Димитров е на повремен удар на медиумите, поради наводното бугарофилство на неговите родители и наводни инциденти во приватниот живот при ноќните проводи.

Но, сето тоа многу брзо бива „покривано“ со интервенции од различни страни.

Таков беше и случајот кога подоцна како абасадор во САД надвор од сите прописи на министерството за надвоешни работи, чувствувајќи се заштитен, и карактеристично за ликовите како неговиот самобендисан тој, самиот си избира стажантка во дипломатската мисија во Вашингтон.

Во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ повторно доаѓа на власт предводен од Никола Груевски, откако во 2004-та силно во партиските превирања се активира поранешната пратеничка дотогаш позната како приврзаник на „пробугарското крило“ во партијата блиско на екс лидерот Георгиевски, но овојпат против него, Никола Димитров добива нова функција како советник за национална безбедност на новиот премиер. ВМРО-ДПМНЕ повторно му дава нова функција го испраќа за амбасадор во 2009 година во Холандија, каде што останува до 2013 година. Во тој период Никола Димитров јавно не ја критикува власта на ВМРО-ДПМНЕ, но откако не успева должноста да си ја пресели во Берлин наспроти понудата да продолжи по татковите стапки и да биде амбасадор во Москва, почнува со своите „опсервации“ на „случувањата“ во Македонија.

Тогаш се вработува во Хашкиот институт за глобална правда, и има намера постојано да се насели во Холандија. Но, веќе пролетта 2015 година, кога почнува кампањата на СДСМ се појавува како член на т.н. „Амстердамска тројка”, која народот шеговито ја нарече „ВМРО метросексуална“, составена од Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшовски, сите екс функционери во владата на Никола Груевски. Личности коишто наводно треба да го спасат ВМРО-ДПМНЕ, а всушност освен функциите што ги добивале од оваа партија никогаш ниту идеолошки, ниту со членство не се вбројувале во оваа партија, ниту пак имале особен придонес за Македонија.

И откако пропаѓа овој обид тројката да ја одигра ролјата на коњи тројански во самото ВМРО-ДПМНЕ, очигледно кај Димитров проработува синдромот препознатлив како „страст за власт“, па тој започнува со своето појавување во јавноста на страна на опозицијата, па дури и држи говори на нивните митинзи. Започна почесто да се враќа во Скопје, контактира со многумина лобисти од бизнис и медиумската сфера со меѓународни контакти, преку коишто и остварува директен контакт со Заев и коишто најверојатно се и тие кои издејствуваа на крајот Никола Димитров како „независен“ да биде предлог на мандатарот за нов шеф на дипломатијата.

Претходно «
Следно »