ДИМИТРОВ НЕ СЕ OTKAЖУВА, ПOCЛЕДЕН ОБИД ДА ИЗДEJCTВУВА ДАТУМ: Ќе се обрати пред Комисијата за надворешни работи на Европарламентот

Поврзано

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за...
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров попладнево ќе се обрати пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, тој ќе му се заблагодари на Парламентот за неговата постојана поддршка за европската перспектива на земјата и ќе ги претстави постигнувањата на Македонија, ден пред клучниот министерски состанок во Луксембург на кој ќе се разговара за давање зелено светло за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

Амбасадорски состанок ќе се одржи вечер во Луксембург во последен обид да се усогласат ставовите на земјите членки пред министерскиот, но засега ситуацијата не е поволна за ниедна од двете земји.

Франција и натаму се противи на отворањето преговори сѐ додека нема конкретен напредок во борбата против корупцијата, судските реформи и додека нема транспарентни и објективни пресуди. Истовремено, Париз смета и дека не може да се отворат преговорите сѐ додека не се реформира методологијата на преговарачкиот процес со земјите кандидати.

Од Холандија најавуваат дека ќе се солидаризираат со Франција доколку не се одвојат Тирана и Скопје. На одвојувањето, пак, се противат и поддржувачите на проширувањето, но и самата Франција.

Министерот Димитров за време на посетата ќе има и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

– Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, министерот ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври 2019 година – велат од неговиот кабинет.

Latest News

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за враќање на Груевски и ништо...

Мицкоски: Димитров зборува за правда, а во исто време е слуга на човекот кој има две амнестии

Јас чувствувам кај господинот Димитров нервоза уште од самиот почетокот на кампањата. Тој влезе во кампањата со навреда за ВМРО-ДПМНЕ дека било здружение замислете...

Разочарувањето кај народот од политичарите е огромно, бидејќи преку ноќ се збогатија на грбот на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија истакна дека во Македонија најголемо е разочарувањето во...

More Articles Like This