ДИМОВСКИ: Зошто ниту еден граѓанин не е информиран дека новата влада планира зголемување на неколку даноци

  • May 30, 2017

Во членот 111 од деловникот во глава избор на Влада во ставот 4 се вели дека седница за избор на Влада се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на Влада и програма и тоа е така од моментот гока сте го добиле материјалот па макар тој да е добиен во 1 часот и 22 минути наутро, изјави Илија Димовски од собраниската говорница.

dimovski-640x364

Но во член 68 од деловникот каде што генерално се утврдуваат седниците за работа на Собранието на Република Македонија вели дека решение за свикување на седница на собранието со предлог на дневен ред и материјали по прашања кои се предлагаат за дневниот ред за седницата, на пратениците им се доставуваат најмалку 10 работни дена пред денот определен за одржување на седницата. Овој член и овој став и истите по кои постапувале повеќе претседатели на собранието на Република Македонија во минатотот и на овој начин е избран и Бранко Црвенковски за премиер во 2002-та година и сите останати премиери, потенцираше Димовски.

Тој истакна и дека ова е потребно и правено бидејќи на јавноста, медиумите и пратениците неопходно им е повеќе време за да ги разгледаат биографиите и да ја разгледаат програмата на Владата која што е предложена со цел да се запази транспарентност, демократичност, како и интересот на јавноста.

-Програмата е добиена во текот на вчерашниот ден во 1:22 часот и еве денеска дискутираме тоа што ниту еден граѓанин не е информиран дека новата влада планира зголемување на неколку даноци, а ги немаме видено ни сите биографии и планираат зголемување на придонесите. Ова е проблем во недостаток на јавност и време, ова е класично прекршување на деловникот слично на некое претходно и се надевам дека ова Собрание нема да продолжи вака да работи во иднина, вели Димовски.

Претходно «
Следно »