ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: По наредба на Спасовски уапсена претседателката на Српската заедница во Македонија!

  • October 15, 2017

Претседателката на Српската заедница во Македонија и претседател на Српскиот национален совет е уапсена попладнево по наредба на Оливер Спасовкси на гласачко место во општина Гази Баба

Според информациите кои ги добивме, полицијата по инструкција на Оливер Спасовски правела метеж на избирачкото место во Гази Баба. Гордана Јовиќ Стојковска им укажала дека треба да се оддалечат на растојание пропишано со закон.

Полициските службеници дрско одбиле по што Јовиќ ги фотографирала за да го документира нивното незаконско однесување. Веднаш потоа и го побарале мобилниот телефон со кој ги фотографирала и ја привеле во станица во Автокоманда.

Информирана е српската амбасада во Скопје!

 
 

Репортер
Борислав Стоилковиќ

Претходно «
Следно »