ДИРЕКТОРОТ НА АМС ЧУВСТВУВАЛ САМО МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ: Оставка не поднесува

  • April 1, 2018
  • Коментари

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на денешната прес-конференција нагласи дека комисијата била должна да направи селекција на песните и да го извести него како директор, доколку има некакви сугестии или забелешки. Тој ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза.

Како што рече тој, утврдено е дека во две од 44 песни објавени песни, постои недолична содржина.

– Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме се што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професинална одговорност кај мене како директор,  рече Каевски кој додаде дека сепак нема да поднесе оставка иако јавноста го бара тоа од него.

Надворешна стручна комисија, која била формирана согласно правилникот за целиот проект, требала да направи целосен преглед на песните за објавување, а преку извештај до директорот да укажат дали имаат некои забелешки. Но, тоа не се случило.

– Моите очекувања беа дека избраната стручна комисија стручно ќе ја заврши работата и дека доколку имаат некои забелешки, ќе ми бидат предочени, рече Каевски.

Во разговорот со членови на комисијата тие рекле дека не биле свесни дека треба да прават селекција и да исфрлаат песни. Директорот на АМС на денешната прес конференција додаде дека останатиот тираж од книгите кои не се дистрибуирани веќе е повлечен, но немаше точен податок колку примерици од книгата се веќе дистрибуирани.

Претходно «
Следно »