ДИРЕКТОРОТ НА СЛУЖБЕН ВЕСНИК ВЧЕРА ЈА ПРОСЛАВУВАЛ ДВОЈАЗИЧНОСТА: Ова е животот и слободата која ја ветивме во Северна Македонија!

  • January 15, 2019

Хади Османи, несудениот градоначалник на Липково од редовите на СДСМ вчера објави фотографија во прегратка со директорот на Службен весник кој исто така е од редовите на СДСМ, Мартин Костовски како заедно ја прославуваат објавата на Законот за двојазичност во Службен весник. Имено Костовски е некогашен претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово и истакнат партиски член. Османи во својата објава на Фејсбук вели дека ова е животот и слободата во Северна Македонија кои СДСМ и Заев ги ветиле во предизборието, дали вие се согласувате ваше е да одлучите.

-Ова е животот и слободата што ги ветивме пред да ја добиеме довербата на граѓаните. Рамноправност и слобода за сите да прославуваат. Северна Македонија, држава која е рамноправна за сите. Со директорот на Службен Весник. Честит Законот за јазици и Преспанскиот Договор, пишува Османи во честитка на Фејсбук.

Претходно «
Следно »