September 18, 2021, 8:51 am

Диpeктop нa нoвинapcки пopтaл вo Мексико лиkвидиpaн нa cвojoт poдeндeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мексиканскиот новинар Рикардо Лопез, директор на порталот „ИнфоГвајмас“ од мексиканската држава Сонора на северот на земјата, е убиен во четвртокот на паркингот кај еден супермаркет, објави весникот „Ел Паис“.

Тој беше убиен на неговиот 47-ми роденден, а на прес-конференција во март откри дека добивал закани од организирана криминална банда.

– Да се занимаваш со новинарство тука е многу ризично, па затоа и се жалев на полицијата, заканите не запираат – рече тогаш Лопез.

Државното обвинителство Сонора започна истрага и соопшти дека ќе го извести Специјалното обвинителство за стореното дело против слободата на изразување, бидејќи станува збор за напад врз новинар.

Ова е второ убиство на новинар за помалку од една недела.

Лопез беше претседател на Градското здружение на независни новинари на Гвајмас и Емпалме, во северниот дел на Мексико. На својата веб-страница тој го осуди исчезнувањето на репортерот Пабло Фелипе Ромеро, за кого ништо не се знае од почетокот на годината.

Набргу потоа, тој започна да добива закани преку е-пошта и СМС-пораки.

Насилството врз претставниците на медиумите е најлошо во последните неколку години – на секои 13 часа има некаков напад од медиумски работник во Мексико.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Стотици Германци примиле вaкцинa со пoминат рок

Одделот за здравство во јужната германска покраина Баден-Виртемберг објави дека 840 дози на вакцина против корона од Модерна, на...

More Articles Like This