Дневен хороскоп за петок, 12.04.2019

  • April 12, 2019

Денес е петок и Венера прави секстил со Сатурн, додека Меркур прави квадрат со Јупитер.Квадратот ќе ги искомплицира работите на полето на вашите планови, вашите желби нема да се поклопуваат со вашите реални можности. Секстилот на Сатурн и Венера денес ќе овозможи убава соработка во емотивниот однос, стабилна енергија, чувство на длабоки конекции и со самото тоа чувство на подршка и сигурност.
Ви посакуваме убав ден!

Овен

Работа
Давате се од себе но секогаш постои некој кој ве критикува. Обидете се да ги надмудрите вашите соработници кои ви поставуваат отежнувачки услови или одеднаш создаваат дополнителни компликации.

Љубов
Важно е вашите идеи и емоционални интереси да наидуваат на позитивен одговор. На вас е да заведете некоја личност што ви се допаѓа.

Здравје
Се чувствуваш добро.

Бик

Работа
Важно е да направите добар избор и да се заштитите од негативни влијанија. Не дозволувајте лошиот дијалог негативно да влијае на нивото на деловна соработка.

Љубов
Побарајте нечие разбирање и емоционална поддршка. Нема причина премногу да мечтаете за нешта кои се далечни и недостижни.

Здравје
Изразена тензија.

Близнаци

Работа
Исходот од бизнис плановите што ги имате во поголема мера зависи од нечие влијание и затоа бидете искрени со една постара личност. Не дозволувајте кај вас да преовладува суетата.

Љубов
Треба да имате доволно трпение за вашето семејство, како и за различните проблеми со кои се соочува саканата личност. Можеби некој од вас очекува многу повеќе отколку што претпоставувате.

Здравје
Земајте витамини.

Рак

Работа
Нова непријатност или конфликт со една личност ќе ве натера работите да ги гледате со различни очи. Важно е да не се заплеткате во деловни теми што претставуваат потенцијален ризик.

Љубов
Вие забележувате дека вашите желби или пораки не стигнуваат до вашиот партнер. Не ви се допаѓа некој да ве држи во вашата сенка или во емоционална несигурност.
Здравје
Добро се чувствувате.
Лав

Работа
Договор со едно лице укажува на можен неуспех или деловен неуспех. Сепак, не можете многу да промените во твоја корист, освен достоинствено да го прифатите поразот.

Љубов
Кога ќе се сретнете со саканата личност делувате сомничаво. Вие не сакате да давате големи ветувања однапред. Користете ги вашите омилени тактики.
Здравје
Не сте во кондиција.

Девица

Работа
Наместо аплауз или пофалба во име на заеднички успех, до вас допираат коментари и некои критики. Не дозволувајте да испровоцирате нечии постапки или невистини.

Љубов
Треба да имате повеќе разбирање за саканата личност. Има работи кои не можат лесно да се објаснат и затоа бидете повеќе трпеливи.

Здравје
Ќе ви годи прошетка.

Терезија
Работа
Вие сте во дилема помеѓу повеќе повеќе можности за бизнис. На крајот, ќе се покаже дека ниту еден од нив не ги исполнува вашите основни критериуми или интереси.

Љубов
Нема потреба премногу да се експонирате во непознато друштво. Занесот може лесно да измами. Обрнете внимание на блиска личност и на заедничките теми.
Здравје
Хронична болка.

Скорпија
Работа
Делувате рамнодушни кон различни прашања што ви ги поставуваат постари лица. Се обидувате сами да го завршите најголемиот дел од вашиот бизнис и во согласност со вашите лични интереси. Сепак, немате објективна проценка.

Љубов
Пред саканата личност не давајте избрзани или големи ветувањи. Постои можност ненадејно да се премислите.
Здравје
Добро се чувствувате.

Стрелец

Работа
Постојат отежнувачки околности кои не можете да ги заобиколите. Побарајте полесни решенија, но сè што се обидувате да направите не донесува позитивен ефект. Некој ви дава до знаење дека нема многу разбирање за вашите бизнис барања.

Љубов
Избегнувајте нова дискусија на состанокот со саканата личност. Не можете да ја смените моменталната позиција во ваша корист.

Здравје
Ќе ви годи престој во природа.

Јарец
Работа
Во средба со соработниците постојат различни недоразбирања и ви даваат за право да инсистирате на вистината. Ако се грижите за постигнување на своите цели, покажете повеќе енергија во одредени ситуации.

Љубов
Се однесувате несигурно. Потребно ви е нечие емотивно охрабрување. Слободно изразувајте ги своите желби или чувства што ги потиснувате.

Здравје
Можна главоболка.

Водолија
Работа
Ако некој ве повредил со лоши постапки или несоодветно однесување, контролирајте го своето незадоволство. Деловните ситуации не треба да ги доживувате премногу емотивно.

Љубов
Бидете доволно искрени пред саканата личност. Понекогаш големите зборови не се доволни. Не штедете на своите чувства и покажете дека го правите она што го ветувате.

Здравје
Хранете се поздраво.

Риби
Работа

Нема причина да очекувате некој да се покае за деловните постапки.Бадијала инсистирате на вистината за која другите не сакаат да зборуваат јавно или да се изразуваат во ваша корист.

Љубов
Бидете внимателни пред саканата личност. Секој гест на вистинско внимание делува анимирачки и претставува вовед во заедничкото уживање.

Здравје
Ќе ви годи да се опуштите.

Претходно «
Следно »