ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕТОК(18.01.2019): Еден знак треба да биде особено внимателен!

  • January 18, 2019

Овен
Некој од соработниците тактизира и разбработува деловна стратегија, а Вам ви преостанува да се бавите со практични аспекти и да преземете иницијатива.Кога ќе ви се укаже прилика прифатете ја најдобрата понуда.
По малку делувате носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате емотивна жед за некои пријатни или далечни спомени. Здравјето е добро.

Бик
Нема причина својата околина да ја обвинувате за деловно-финансиските пропусти, премногу изговорени зборови не донесуваат решение. Сталожено размислете за се, употребете ги своите дипломатски манири и практична памет.
Партнерот за разлика од вас полесно ги решава личните и зедничките проблеми. Сепак, вие не сакате да се наоѓате во нечија сенка и да прифатите пасивна улога.
Подложни сте на вирусни инфекции.

Близнаци
Доколку сакате да ја оправдате својата улога или професионалните способности применете проверена тактика. Немојте да дозволите нечии зборови да ве поколебаат но и почетни компликации. Потребна ви е позитивна ориентација.
Вашите желби можат да се остварат, под услов и да делувате доволно инспиративно, заводливо и сугестивно на саканото лице.
Повеќе одморајте се.

Рак
Нема потреба да се споредувате со својата околина или да влегувате во сериозни расправи. Важно е да ги испочитувате основните морални начела, наместо да се докажувате пред соработниците кои применуваат различни деловни критериуми.
Претерувате со своите барања пред саканото лице, треба да знаете да ги почувствувате „желбите“ и да уживате во малечки работи. Сочувајте ја вистинската мерка за вредностите.
Одлично здравје.

Лав
Делувате многу снаодливо во различни ситуации. Имате добро претчувство. На повидок се одлични резултати кои ја потврдуваат вашата позитивна улога пред соработниците.
Доколку посакувате емотивен залет, направете се’ што е потребно да привлечете нечие внимание. Секогаш вреди да се обидете со некоја „добра идеја“.
Пијте повеќе течности.

Девица
Со неколку добри потези можете да направите повеќе отколку соработниците. Придржувајте се до правилото: за успехот не треба да се зборува, туку треба успешно да се делува. Можете да ги остварите своите намери на различни страни.
Здравјето ви е добро.

Вага
Повеќето случувања ги толкувате на себе својствен начин, упорно игронирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашите деловни проценки. Нема причина да одбивате предупредувања кои ви ги упатуваат блиските сорботници.
Ако партнерот нема доволно разбирање за вашите потреби,е прашање кому треба да му се обратите за емотивна поддршка.
Проблеми со зглобовите.

Шкорпија
Делувате сомничаво и немате доволно доверба во одредени соработници.Нема потреба гласно да зборувате за своите деловно – финансиски планови. Задржете одредена мерка на внимание, погрешен потег создава услов за губиток.
Одбегнувате ситуации за кои немате доволно трпение и немојте да го губите разумот во средбата со едно атрактивно лице.
Здравјето е многу добро.

Стрелец
Наивно верувате во нечија приказна и не ги проверувате новите информации кои влијаат на завршните резултати во деловната соработка. Сепак, губитокот со кој се соочувате не е од посебно значење.
Тешко ви е да се соочите со вашите емотивни слабости и потребна ви е објективност во мислењето. Доколку сте слободни, повнимателно анализирајте го лицето кое ви се допаѓа.
Чувјте се од повреди.

Јарец
Не треба премногу да се оптоварувате со нечија приказна или да се грижите за деловно – финансиските интереси. Околината го помогнува заедничкиот успех и некој се обидува да ви обезбеди одредени повластици или подобри материјални услови.
Доброто претчувство кое го имате навестува возбудлива забава или нова емотивна средба. Опуштете се во нечие блиско друштво.
Повеќе шетајте.

Водолија
Пораката која ја добивате можете да ја сфатите на различни начини, поради тоа обидете се да ја согледате онаа позитивна страна. Потребен ви е дополнителен ентузијазам и поадршка на различни соработници,за да своите обврски ги завршите во зададениот рок.
Морате однапред да ги познавате основните љубовни правила пред да прифатите нечија игра на заведување или нов предизвик.
Здравјето е добро.

Риби
Потребно е да направите добар избор, но постојат ненадејни ситуации кои ја отежнуваат деловната проценка. Обрнете внимание на нечија реакција. Секогаш постои поуспешен и поубав дел од стварноста, но до него не се доаѓа случајно и без добра подготовка.
Имате големи очекувања, меѓутоа партнерот често ги прикрива своите намери. Задоволство е кога нешто правите во име на заеднички радости и среќа. Почнете со рекреација.

Претходно «
Следно »