Дневен хороскоп за сабота, 03.08.2019

  • August 3, 2019
  • Коментари

Месечината денес е во знакот на Девица, а денес би било добро да се води сметка кога станува збор за точноста, јасноста и прецизноста.
Размислувате за воведување здрава исхрана. Навлегувате и во полето на своите искрени чувства и некои работи себе лично си ги признавате. Ќе почувствувате олеснување.
Ви посакуваме убав ден!


Овен

Работа
Изгледате сомничаво и немате доволно доверба во одредени соработници. Нема потреба гласно да зборувате за вашите деловни планови.

Љубов
Избегнувајте ситуации за кои немате доволно трпеливост и не го губите разумот во средбата со една привлечна личност.

Здравје
Консумирајте повеќе течности.

Бик
Работа
Повеќето настани ги толкувате на свој начин и упорно ги игнорирате ситуациите што не спаѓаат во вашата деловна проценка. Нема причина да го отфрлите предупредувањето што ви го даваат блиските соработници.

Љубов
Доколку партнерот нема доволно разбирање за вашите потреби, прашање е на кого треба да се обратите за емоционална поддршка.

Здравје
ќе ви годи одмор.

Близнаци

Работа
Со неколку добри потези, можете да направите повеќе од вашите соработници. Следете ги правилата за успехот за кои не треба да се зборува, туку треба да се однесувате според нив.

Љубов
Некој дополнително ве интригира или го привлекува вашето емоционално внимание повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Изгледате премногу мистериозно.

Здравје
Вие сте во одлична форма.

Рак
Работа
Изгледате многу снаодливо во различни ситуации. Имате добро чувство и на повидок има одлични резултати кои ја потврдуваат вашата позитивна улога пред вашите соработници.

Љубов
Ако сакате емоционално полетување, сторете се’ што е потребно за да привлечете нечие внимание. Инспирирајте го вашиот партнер за возбудлива забава. Секогаш вреди да се обидете со добра идеја.

Здравје
Добро се чувствувате.4

Лав

Работа
Нема потреба да се споредувате со околината или да влегувате во сериозни дискусии. Поважно е да ги следите основните морални принципи отколку да се докажувате пред своите соработници.

Љубов
Претерувате со вашите барања кон саканата личност. Треба да се знае како да се уживате и во малите работи. Чувајте ја вистинската мерка за вредност.

Здравје
Посетете стоматолог.

Девица

Работа
Ако се грижите да ја оправдате вашата улога или професионална способност, применете докажана тактика. Не дозволувајте ничии зборови и првични компликации да ви застанат на патот.

Љубов
Вашите желби можат да се остварат под услов да постапувате инспиративно, заводливо и сугестивно на саканата личност.

Здравје
Спијте повеќе.

Терезија

Работа
Нема причина да ја обвинувате вашата околина за деловните неуспеси. Премногу изговорените зборови не донесуваат решение. Размислете ндобро за сè и искористете ги вашите дипломатски манири и практична духовитост.

Љубов
Партнерот за разлика од вас, полесно може да ги реши личните или вообичаените проблеми. Сепак, вие не сакате да бидете во нечија сенка и да прифатите пасивна улога.

Здравје
Преоден напор.

Скорпија

Работа
Некој од соработниците тактизира и развива деловна стратегија и мора да се справите со практичните аспекти и да преземете иницијатива. Секогаш кога имате ненадејна можност, прифатете ја.

Љубов
Изгледате малку носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате емоционално жалење за некои пријатни или далечни спомени.

Здравје
Добро се чувствувате.

Стрелец

Работа
Треба да направите добар избор, но има ненадејни ситуации кои го отежнуваат деловното расудување. Обрнете внимание на нечија реакција.

Љубов
Имате големи очекувања, меѓутоа, партнерот честопати ги маскира своите намери. Задоволство е кога правите нешто во име на заедничка радост и среќа.

Здравје
Потребен ви е одмор.

Јарец

Работа
Можете да ја разберете пораката што ја примате на различни начини, па обидете се да ја погледнете позитивната страна. Потребен ви е дополнителен ентузијазам и поддршка од различни соработници.

Љубов
Однапред мора да ги знаете основните правила за љубов пред да прифатите нечија заведувачка игра или нов предизвик.

Здравје
Проверете ја крвната слика.

Водолија

Работа
Не треба премногу да се оптоварувате со нечија приказна или да се грижите за своите деловни интереси. Животната средина помага во заедничкиот успех и некој се обидува да ви даде одредени повластици.

Љубов
Доброто чувство кое го имате навестува возбудлива забава или нова емотивна средба. Опуштете се во нечие блиско друштво.

Здравје
Добро се чувствувате.

Риби

Работа
Вие наивно верувате во нечија приказна и не ги проверувате новите информации што влијаат на деловните резултати. Сепак, загубата со која се соочувате не е од особено значење.

Љубов
Тешко е да се справите со вашите емоционални слабости и ви треба објективност во размислувањето. Ако сте слободни, анализирајте ја внимателно личноста што ви се допаѓа.

Здравје
Проблеми со кожата.

Претходно «
Следно »