Дневен хороскоп за четврток, 09.05.2019

  • May 9, 2019

Овој четврток Сонцето е во секстил со Нептун и еден убав аспект, додуша краткотраен, но како и секој таков, со јаки ефекти. Ова е ден за креативните души, емотивци и сонувачи…Ден за чуда кои го чекаат вистинскиот момент за да се случат…Ден за будење на она најдоброто во нас…


Денес Венера е во тригон со Јупитер, многу убав тригон полн со смеа, чувство на исполнетост и љубов. Денес опуштете се и уживајте барен накусо во чувството на вистинска среќа и задоволство, побарајте убавина и значење во малечките работи.

Сепак,среќата не трае премногу долго па веќе денес имаме квадрат на истата Венера со Плутон! Со нив пристигнува и пакет на љубомора, извртени мисли, депресија и очај. А сето тоа со интензивно искажување и гласно негодување и приговарање.
Многу бурен ден, а емоциите како на ролерскотер…Ви посакуваме низ сето тоа да минете што побезболно.
Ви го посакуваме секое добро!

Овен

Работа
На вас е да ја оправдате деловната репутација или довербата што ја уживате во друштво на соработниците. Понекогаш различни обврски се голем товар, но секогаш постои начин да ги постигнете своите деловни цели или ветувања.

Љубов
Вие упорно се обидувате да ја прикриете вашата емоционална несигурност или „тајни намери”, но не го постигнувате посакуваниот ефект. На тој начин, само се враќате чекор назад.

Здравје
Проблеми со кожата.

Бик

Работа
Сегашната позиција на Месечината ве охрабрува да се чувствувате несигурни, па избегнувајте ситуации кои претставуваат потенцијална опасност. Деловните дилеми може да се решат на позитивен начин, под услов да побарате некој совет.

Љубов
Бидете доволно искрени во друштво на човек кој добро ги познава твоите „слабости”. Нема потреба да се избере погрешна улога или да се заобиколат некои ситуации.

Здравје
Проверете ја крвната слика.

Близнаци

Работа
Некој има добри намери, па договорот со соработниците ветува заедничка корист или бизнис-финансиска добивка. Чувајте го оптимистичкото чувство во различни ситуации.

Љубов
Лицето кое го привлекува вашиот интерес има интересни идеи. Одговорете на сличен начин и во согласност со избраните начини кои оставаат добар впечаток.

Здравје
Добро се чувствувате.

Рак

Работа
Состанокот и разговорот со една личност за вас е заморен, не посветувате доволно внимание на некои деловни настани во кои вашите соработници активно учествуваат.

Љубов
Вие сте оптоварени со нови емотивни чувства, но ова е повеќе одраз на вашата моментална состојба и недостаток на инспирација.

Здравје
Напнати сте.

Лав

Работа
Имате впечаток дека некој ги ограничува вашите опции или им наметнува цврсти услови и строги правила во деловната соработка. Не дозволувајте некој да ве рангира на линијата „губитник”, туку спротивставете се на лице кое ја поткопува вашата деловна репутација.

Љубов
Пред да донесете нова одлука, преиспитајте ги вашите чувства, ви треба самокритика. Не можете секогаш да диктирате „љубовно темпо”.

Здравје
Добро.

Девица

Работа
Направете рационални одлуки, но понекогаш треба да делувате по интинкт. Гледајте ги своите соработници внимателно и насочувајте ја приказната во таа насока, што доведува до некој заеднички успех.

Љубов
Сè е можно, ако сте доволно инспиративни и упорни во своите намери пред некој близок. Бидете доволно конзистентни во она што го мислите и сакате.

Здравје
Задоволително.

Терезија

Работа
Нема причина да ги обвинувате другите за тековниот неуспех, можно е грешките да бидат во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личен пораз, но неизбежно за да го поправите деловниот неуспех.

Љубов

Попрецизно анализирајте го однесувањето на партнерот, може да има некои непознати околности или детали што ги промовирате. Не ги игнорирајте зборот или пораката што ја примате.

Здравје
Добро.

Скорпија

Работа
Ако претерано критикувате нечие однесување, тогаш мора да прифатите и можни негативни реакции. Вие се грижите за промена на нечие однесување или дополнителни услови наметнати од страна на одредени соработници.

Љубов
Избегнувајте провокативни ситуации или лице кое не ги задоволува вашите емоционални критериуми. Ви треба искрено внимание и разбирање. Направете избор според вашите афинитети.

Здравје
Можна главоболка.

Стрелец

Работа
Важно е да оставите сериозен впечаток, средината има доволно слух или интерес за поддршка на вашите идеи. Нови бизнис настани може да ве презентираат во позитивно светло.

Љубов
Покажете дека имате разбирање за некој близок, сè што ви е потребно за да ве приближи до слични цели. Секогаш има бесконечна инспирација, ако сте во вистинското друштво.

Здравје
Премногу сте чувствителни.

Јарец

Работа
Идејата или работата што сте ја одбрале е добар избор. Вашиот стил на изразување и вештини за преговарање имаат влијание врз конечните резултати. Важно е да делувате убедливо пред соработниците во одлучувачки ситуации.

Љубов
Новите настани во вашиот приватен живот ве радуваат, партнерот со живописни начини поттикнува заедничко расположение. Препуштете се на вашите чувства.

Здравје
Проблеми со варењето.

Водолија

Работа
Нема причина да се обвинуваат другите учесници за погрешна проценка или за нивниот деловно-финансиски неуспех. Немојте да бидете неправедни кон лице за чиишто намери сеуште не знаете доволно.

Љубов
Имате впечаток дека партнерот упорно крие дел од вистината, што дополнително влијае на вашето непријатно расположение. Сепак, секој одвас се залага за стилот или тактиката што тој/таа најдобро го знае.

Здравје
Добро се чувствувате.

Риби

Работа
Некој ја оспорува вашата деловна репутација, што дополнително го влошува заедничкиот договор. Не дозволувајте недоразбирањето во соработката да влијае на вашето расположение и концентрација на работа. Бидете упорни во вашите намери.

Љубов
Планирајте средба со еден драг човек, кој е поврзан со пријатни спомени и топли емотивни белешки. Опуштете се во друштво на блиска личност.

Здравје
Хронична болка.

Претходно «
Следно »