Дневен хороскоп за 23. ноември 2018 година

  • November 23, 2018

ОВЕН

Работа: Подготвувате нов проект и потребна ви е концентрација затоа што креативноста не ви оди денеска.

Љубов: Лесна прошетка, опуштена атмосфера без тензија. Брачните парови после долго време гледаат заедно во ѕвездите.

Здравје: Внимавајте на кичмата.

БИК

Работа: Лов во „матно“. Нешто се зборува, но до вас не доаѓаат вистинските информации. Бидете внимателни.

Љубов: Романтична, идилична атмосфера. Водете сметка можеби тоа е некоја нереална слика на целата ситуација. Добро поминете си, но не се занесувајте.

Здравје: Болки во стопалата.

БЛИЗНАЦИ

Работа: За релевантна информација морате многу да комуницирате. Не сте воодушевени со таа идеја, ама нема резултати по друг пат.

Љубов: Потребна ви е страст, нешто што ќе ве покрене на акција.

Здравје: Вртоглавица. Одморајте повеќе.

РАК

Работа: Имате некои аспекти денеска да направите добри договори.

Љубов: Потребна ви е врска со некој кој има смисла за хумор, живот, хоби, излегувања.

Здравје: Мали проблеми со зглобовите на нозете.

ЛАВ

Работа: Обичен ден за работа со странците. Секој Лав кој има барем малку можности да направи работен договор, нека го искористи денешниот ден. Парите сигурно доаѓаат на време.

Љубов: Емотивно сте полни со ентузијазам и лично чувство на среќа. Партнерот ве обожава. Уживајте во љубовта.

Здравје: Обратете внимание на крвниот притисок.

ДЕВИЦА

Работа: Иако сакате да промените нешто, не сте сигурни дали тоа е 100% добро за вас.

Љубов: Се наоѓате во променливо расположение, но партнерот не го запоставувајте. Вашите фази на емоции некогаш се чудни за околината и за партнерот. Не е тоа ништо злонамерно.

Здравје: Проблеми со забите.

ВАГА

Работа: Партнерство во работата е најважно. Доколку имате добри соработници, ќе имате добри финансиски резултати.

Љубов: Познанството со еден доминантен Овен, интересен пред се за друштво. Ако партнерот ви е товар, излезете од дома.

Здравје: Проблеми со жолчката.

ШКОРПИЈА

Работа: Добра перспектива за работа во текот на денот. Вие сте лидер без кој реално не се може. Ги имате сите можности да заработите големи пари.

Љубов: Вашата емотивна врска ќе има поврзаност со вашата работа. Можеби ќе имате подобри идеи ако ги добиете од саканата личност. Послушајте го советот.

Здравје: Младите личности треба да обратат внимание на уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не треба да го менувате својот комфор кој сте го стекнале на работното место. Партите се фактор кои доаѓаат и заминуваат. Чувајте ги идеите.

Љубов: Неодлучни сте и потајно се плашите на неуспех. Не сте сигурни дали да влезете во врска со помлада личност од вас.

Здравје: Стомачни тегоби.

ЈАРЕЦ

Работа: Интересен почеток на денот. Ќе се појави личност од огнен знак и ќе ви внесе доверба, оптимизам за некои нови идеи.

Љубов: Во врска сте со личност која работи во државна институција. Незадоволството на партнерот ве мачи и вас.

Здравје: Напнатост.

ВОДОЛИЈА

Работа: Работата ви е врзана за креативност и забава, или барем така треба да биде. Никако не се впуштајте во работи кои ви создаваат монотонија.

Љубов: Вашето его е силно и веројатно нема да ја гледате саканата личност од што се гледате себе. Променете го стилот на однесување, може да го навреди партнерот до вас.

Здравје: Избегнувајте ладни напитоци.

РИБИ

Работа: Одличен ден за привлекување на пари. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, имаат добри аспекти со странство.

Љубов: Слободните припадници на овој знак се во центарот на вниманието. Привлекуваат каде и да се најдат. Еден Лав ќе ви биде инспирација.

Претходно «
Следно »