ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Недоразбрања за Близнаците и многу среќа за Лавот!

  • February 20, 2019

Пред нас е ден за деловни успеси, ден кога ќе добиеме сериозна доза на енергија која ќе ни помогне да бидеме повредни, поодготовни, помудри кога треба да се повлечат некои паметни потези.
Денес добро ќе минат сите оние кои донесуваат одлуки, тргнуваат со нови проекти или работа, ги организираат другите да работат за нив. Исто така ден за учење,пренесување на знаење, работа на практични задачи.
Денеска бидете вредни и упорни, Меркур е со вас да ве поттурнува на патот кон успехот!

Овен
Работа: Бидете промислени пред лицето кое ве заинтригирало со својот изглед или приказна за деловно-финансиска соработка. Консултирајте се со своите соработници пред да донесете некоја официјална одлука. Љубов: На состанокот со некој близок, нема причина упорно да инсистирате на некои споредни настани. Можно е само да имате различни погледи. Здравје: Корегирајте ја исхраната.

Бик
Работа: Вие делувате оптимистично и очекувате позитивни одговори. Сепак, сегашната ситуација на бизнис сцената не зависи првенствено од вашата волја или влијание. Љубов: Важно е внимателно да ги одберете зборовите што ги кажувате пред вашиот партнер. Сè може да се соопшти на еден посуптилен начин што сигурно нема да иритира нечии чувства. Здравје: Добро се чувствувате.

Близнаци
Работа: Ако сакате да го решите деловното недоразбирање со едно лице, бидете доволно ефикасни и одлучни. Предухитрете ги соработниците кои сметаат дека имате недостаток на информации за бизнис можности. Љубов: Имате впечаток дека вашиот љубовен живот полека е стагнира и дека тоа не е доволно интересно возбудливо. Објаснете и на саканата личност што точно сакате. Здравје: Зајакнете го имунитетот.

Рак
Работа: Некој има добри намери, се чини дека договорот со една личност ви ветува една заедничка корист или деловно-финансиска добивка. Чувајте ги самодовербата и оптимизмот, понекогаш „првиот впечаток” е од суштинско значење за понатамошниот развој на деловни настани. Љубов: Лицето кое го привлекува вашето вниманието и емоционалниот интерес ќе се прикаже во најдобро светло. Одговорете на сличен начин и во согласност со убавите манири. Здравје: Проверете ја крвната слика.

Лав
Работа: На вас е да спроведете во дело нечија идеја или да се претставите во позитивно светло во кругот на деловниот партнер. Обрнете внимание на деталите што влијаат на конечните резултати. Љубов: Вие сте заинтересирани за ново емотивно задоволство. Кај вас провејува романтично расположение, a саканата личност сака искрено да ви угоди. Здравје: Премногу сте чувствителни.

Девица
Работа: Вие сте заинтересирани за различни работни работи и се обидувате да го наметнете вашето мислење пред соработниците. Вие сте привлечени кон големи деловни предизвици или можност да ги тестирате вашите сопствени способности во невообичаени услови. Љубов: Вие не сакате да ја пропуштите ненадејната можност за емоционално зближување. Одговориете на нечиј сигнал или љубовна порака. Здравје: Добро се чувствувате.

Терезија
Работа: Некој ќе ве доведе до финален чин или непријатна ситуација и затоа ќе избегнете афективно однесување. Побарајте добар совет и ги заштитите ги вашите бизнис интереси. Љубов: Бидете внимателни при ненадеен состанок и не дозволувајте лесно да ве заведат некои комплименти и манири. Здравје: Пазете се од повреди.

Скорпија
Работа: Некој се обидува да ги диктира правилата на деловно однесување. Имате впечаток дека се очекува повеќе отколку што можете да направите и затоа чувствувате непријатност кон постаро лице. Љубов: Кога се сретнувате со некој близок, повеќето настани не се по ваша мерка или вкус, но вие добро се снаоѓате во секоја пригода. Здравје: Доро се чувствувате.

Стрелец
Работа: Ако немате доволно доверба во одредени соработници, направете го тоа што е неизбежно. Заштитете ги вашите бизнис интереси и прекинете го контактот со несигурен човек. Љубов: Се чувствувате расположено и задоволни во друштво на блиска личност и чувствувате нов емотивен ентузијазам.Ве радува нечие внимание. Здравје: Контролирајте го притисокот.

Јарец
Работа: Има ненадејни околности што ве успоруваат. Некој не сака да ги слушне вашите идеи. Обрнете внимание на корисни совети испратени од блиски соработници. Љубов: Обрнете внимание на лице кое позитивно влијае на вашето расположение. Емоционалната средба носи заедничко задоволство. Здравје: Добро се чувствувате.

Водолија
Работа: Однесувањето на некој има негативно влијание врз вашата концентрација и затоа вие претрпувате бизнис неуспех. Сепак, постои можност за надмудрување на лицето кое го попречува вашиот бизнис. Љубов: Нема потреба да се занесувате со големи желби и ветувања. Тешко ви е правилно да процените нечии постапки. Здравје: Пожелно е да се рекреирате.

Риби
Работа: Некој се обидува да ви наметне друго мислење, но имате свои цели, и не отстапувате од плановите што ги започнавте. Треба да вложите многу енергија во вашите бизнис цели и да бидете заштитени од лоши влијанија. Љубов: Партнерот може да ги освежи вашите идеи. Некои ситуации претставуваат увертира за ново емотивно зближување. Здравје: Пазете се од настинки.

Претходно «
Следно »