ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Пари за Лавот и многу љубов за Стрелецот!

  • March 13, 2019

Овен (21.03 – 20.04)
Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо. Не ги разочарувајте блиските, бидејќи тие имаат многу големи очекувања од вас.

Бик (21.04 – 21.05)
Прилична нестабилност и поделени чувства во однос на вашиот партнер. Можно е да добивате многу непроверени и искривени информации од блиски личности, некакви мали ситни лаги кои веднаш ќе ги забележите поради нелогичноста. Најчесто ќе ви ги пласираат ептен блиски личности од вашето опкружување.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можност за пронаоѓање на нова работа. Можно е во тоа да ви помогне некоја женска особа со која одлично се разбирате во сите прашања или се работи за некој кој го сметате за свој добар пријател. Добро соработувате со оние со кои ве делат голем број години, независно од тоа дали и припаѓате на младата или повозрасната генерација.

Рак (22.06 – 22.07)
Денот е поволен за разговор со Вага или Стрелец и тоа треба да го направите што е можно побрзо, особено ако сакате да започнете нова работа, бидејќи денешната позиција на Месечината е добра за оние кои сакаат да се вклучат во некој поголем бизнис, без разлика дали станува збор од областа на недвижнини или работа во странство. Денес е добар ден за фамилијарено дружење.

Лав (23.07 – 22.08)
Покажувате добра волја да се реши проблемот за кој вашиот колега постојано зборува и укажува на некои пропусти, а вие на тоа не обрнувате внимание. Ако сте во потрага по работа, можно е сосема неочекувано еден Рак да ви понуди некоја можност. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација во вашиот дом. Можен е повик од странство.

Девица (23.08 – 22.09)
Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.

Вага (23.09 – 22.10)
Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да се посветите на работата или пак некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во моментот ќе биде најдобро за вас.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе сфатите дека сте во многу подобра финансиска состојба отколку што сте мислеле. Оптимизамот и ентузијазмот денес нема да ве напуштат, дури ни кога се работи за партнерските односи. Ќе уживате во едно ново познанство.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Некој проблем ве потиснува но не знаете како да го решите. Време е да се ослободите од несигурноста и да продолжите напред со исправена глава кон вашите цели. Имате способност да донесете правилни одлуки, затоа верувајте во себе.

Јарец (22.12 – 20.01)
Вашата денешна неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.

Водолија (21.01 – 19.02)
Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни сте со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.

Риби (20.02 – 20.03)
Доколку се занимавате со приватна работа, денес ќе наидете на мали потешкотии. Можно е да бидете принудени да почитувате одредени процедури. Вашата емотивна ситуација не е сјајна и вие тоа го знаете.

Претходно «
Следно »