ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Погледнете каков ќе ви биде денешниот ден

Поврзано

Одмарајте и peлакcирaјтe се, сите обврски може да почекаат до утре

Овен За денес препорачливо ви е малку да се одморите од прекумерното работење и да се впуштите во една релаксирачка...

Денот ви носи голема смиреност и многу убави искуства

Овен Сте оствариле напредок кон кој сте се стремеле и задоволни сте од својата работна позиција. Свесни сте за проблемите...

Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина

Овен Држете се до вашите вредности и денот ќе помине без никакви проблеми. Не ги слушајте многу другите, водете се...

Овен
Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.

Бик
Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

Близнаци
Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас. Без грижи, како и секогаш ќе најдете решение.

Рак
Некои ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Раковите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

Лав
Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можете на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголемат и не ќе бидете во состојба да решите некои клучни работи иако за тоа многу ќе се ангажирате.

Девица
Денешниот ден за вас ќе биде со променливо расположение. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите. Некој повик од странство може да ве вознемири и разочара.

Вага
Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

Скорпија
Ова е особено поволен период за зголемување на финансиите. Денес е можно да отидете на неколку состаноци кои ќе се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Ако сте невработени, ќе имате можност да избирате. Ќе добиете повеќе понуди, и вам ви останува да размислите што е најдобро за вас.

Стрелец
Со партнерот ви претстои многу сериозен разговор во врска со финансиите. Мерките на штедење што тој ги заговара не ви одговараат, но ќе морате да ги прифатите. На работното место се ќе се одвива по старо, односно ќе завладее монотонија, тоа на вас ќе ви одговара, но само одреден период.

Јарец
Ќе се чувтвувате лошо, како да ве оставиле и подзаборавиле настрана. Некој намерно ви го создава тоа чувство на отфрленост, дали тоа е вашиот љубоморен партнер или ваш пријател, потребно е сами да откриете.

Водолија
Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите.

Риби
Ова е за вас ден без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата реализација ќе мора да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува, ќе имате време уште еднаш за се добро да размислите. Не навлегувајте во кавгите и дебатите во вашето деловно опкружување.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести