ДНЕВЕН ХОРОСКОП: 4.10.2019 година

  • October 4, 2019

Овен (21.03 – 20.04)

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

Бик (21.04 – 21.05)

Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето зравје. Вложете во образованието. Среќни сте и задоволни, полни со позитивна енергија.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.

Рак (22.06 – 22.07)

Ги променивте ставовите кога е во прашање работата. Од ден на ден го менувате мислењето за многу работи. Вашиот критички дух ќе привлече внимание на вашите соработници и можни се расправии. Стрпете се и почекајте го крајот на денот, бидејќи многу работи зависат од вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Размислете на кој начин да ги искористите вашите контакти и способности. Извесни работи почнуваат да се менуваат и ве тераат да размислувате. Засега не правете некои драстични промени. Соработниците имаат некоји нови барања од вас и тоа вам многу ќе ви пречи. Финансиски полека почнувате да се стабилизирате.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе бидете максимално ефективни, па ова е совршен ден за средување на оние задачи и обврски кои бараат од вас целосна посветеност. Бидете строги ако некој се обидува да ви го одвлече вниманието. Одредена личност ќе се обиде да ви подметне повеќе обврски или да извлече корист од вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни, ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не чудете се многу на приливот на приход кој ќе го добиете. Наместо тоа, отидете некаде на патување со партнерот. Во последно време премногу се фокусиравте на вашата кариера и затоа немавте време за него. Крајно време е да го ставите партнерот на прво место.

Јарец (22.12 – 20.01)

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

Претходно «
Следно »