ДНЕВЕН ХОРОСКОП (7.02.2019): Одличен ден за неколку хороскопски знаци!

Поврзано

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Cтрeлeцoт ќе има бoлки во гpбoт, а Девицата ќе успее во своите намери

ОВЕН Вашиот труд ќе се цени, а вие ќе бидете збунети секогаш кога некој ваш предлог ќе се земе предвид....

Дневен хороскоп за четврток

ОВЕН Работа: Лесно ќе остварите почнување на работа која ќе ви помогне да дојдете до значајно финансиско подобрување во следниот...

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Поради стрecнитe ситуации кои ве oптовaрувaат може да дојде до одредени несогласувања со партнерот

Овен Нечија приказна на вас остава негативен впечаток. Вие не верувате во големи зборови без покритие. На средба со соработниците,...

Овен

Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Побарајте совет од вашиот партнер.

Бик

Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

Близнаци

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние Јарци кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро.

Рак

Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува финансиска помош од вас.

Лав

Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво.

Девица

Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.

Вага

Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не превземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни. Во деловниот живот ќе решавате за некои важни прашања кои се однесуваат за вашиот напредок во кариерата.

Шкорпија

Проблемите кои ве измачуваа досега за вас ќе бидат минато, а сето тоа е благодарение на позитивната енергја која ќе владее во вас. Конечно трезвено размисливте дека не е се така црно како што на вас ви изгледа. Поминете го слободното време во друштво со пријателите и семејството.

Стрелец
Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

Јарец

Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.

Водолија

Ќе пронајдете одлично решение за проблемите во семејството, ќе ги решите недоразбирањата и во вашата околина ќе завладее мир. Несвесно ќе ги одложите бизнис обврските, а тоа може да ви направи материјална штета. Посвете им се сериозно на обврските.

Риби

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести