ДНЕВЕН ХОРОСКОП

  • January 31, 2019


ОВЕН

Работa: Лесно доаѓате до нови шанси за заработка. Поволен ден за работа. Пред вас се позитивни можности.

Љубов: Убаво се согласувате и крај партнерот имате се што ви е потребно.

Здравје: Добро, стабилно здравје.

БИК

Работа: Имате шанса да се свртите кон нови работи. Пред вас се многу добри промени на ова поле.

Љубов: Со партнерот доаѓа до мали несогласувања околу финансиите, но и околу некои планови во иднина.

Здравје: Водете сметка на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е малку да сте разочарани од работата. Во текот на денешниот ден работите нема да одат онака како што замислувате и како што сакате.

Љубов: Конечно, ќе најдете компромисно решение во врската со партнерот.

Здравје: Посетете лекар поради контрола.

РАК

Работа: Расположени сте да се посветите на својата работа и промените на ова поле. Може да очекувате позитивен исход.

Љубов: Ќе уживате во заедничките моменти со личноста која ви значи.

Здравје: Вирусни инфекции.

ЛАВ

Работа: Можете да сметате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивна атмосфера на работа.

Љубов: Новата личност која сте ја запознале ќе покаже дека посакува нешто повеќе од познанство.

Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.

ДЕВИЦА

Работа: Важно е да ја насочите својата енергија на приоритетите. Немојте да го расипувате своето време на неважни работи.

Љубов: Ако сакате да се случат некои промени на ова поле, ќе морате сами да поттикнете одредени случки.

Здравје: Имате недостаток на енергија.

ВАГА

Работа: Постои личност која би можела да ви помогне во решавањето на вашите работни проблеми, но прво ќе мора да и се обратите за помош.

Љубов: Потребно е малку повеќе време да поминувате со вашиот партнер.

Здравје: Ќе ви годи опуштање.

ШКОРПИЈА

Работа: Не сте подготвени за промени. Моментално имате впечаток дека на сегашното работно место не сте го оствариле својот максимум.

Љубов: Од својот партнер очекувате разбирање во тешките моменти.

Здравје: Внимавајте на своето срце.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да ви се пружа прилика за патување од кое би можеле да остварите добра заработка.

Љубов: Ви делува дека партнерот почнува да се однесува поинаку кон вас. Љубовната врска влегува во голема криза.

Здравје: Болки во забите.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе ви биде потребна помош и совет од некого за да го остварите она што го сакате. Не можете сосема сами.

Љубов: Флертувате и убаво ви е кога добивате внимание од личност која ви значи.

Здравје: Се подобро и подобро од ден на ден.

ВОДОЛИЈА

Работа: Важно е другите луѓе сериозно да ве разберат. За тоа да го постигнете, треба да работите на својот имиџ.

Љубов: После искрениот разговор со саканата личност ќе видите дека е незадоволна.

Здравје: Можни проблеми со белите дробови.

РИБИ

Работа: Препорака е да поработите на својата организација за да остварите подобра ситуација на работното поле.

Љубов: Доколку сте слободни, можете да очекувате дека ќе имате интересно познанство.

Здравје: Имате вишок на енергија.

Претходно «
Следно »