Доаѓа нова нестабилност – денес релативно суво

Поврзано

Денес не очекува сончево време со зacилeн ветер, од утре пaд на температурата

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во планинските предели на запад ќе...

Попладне ново невреме

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава...

Времето денеска, сончево со умерен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен...

Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Максималните дневни температури ќе се движат од 9 Целзиусови степени во Крива Паланка и Берово, Маврово и Скопје 10, Битола 11, Кавадарци 12, Охрид 13, Гевгелија 14…


Утре времето ќе биде значително облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 до 13 степени.

В недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 степени.

Денеска (петок) ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени додека утрото ќе биде студено со минимални температури од -3 до 5 степени.

Веќе во сабота од запад ќе има постепено зголемување на облачноста и ќе има услови за слаб локален дожд, во текот на ноќта кон недела ќе има локални врнежи од дожд претежно во западните предели на државава.

Во недела доцна попладне и навечер а особено во текот на ноќта кон понеделник, под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот врнежи од дожд ќе има насекаде низ државава.

Локално ќе има поинтензивни врнежи со што се очекува и позначително количество на воден талог, има услови и за ретка појава на грмежи.

Поради релативно високите температури, врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во државава.


Поради јужното воздушно струење, на самиот почеток од следната недела ќе биде нешто потопло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

АМСМ со важно соопштение

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат во попладневното соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека намалена видливост од 50 до 60 метри поради магла има на планискиот премин Стража.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ ги потсетува возачите дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести