January 28, 2021, 3:29 am

Добре дојдовте во 6-та генерација борбени авиони

Поврзано

Експерти предупредуваат: Ајфон12 може да биде опacен по здравјето

Ајфон 12 може да биде опасен за здравјето на луѓето кои имаат инсталирано пејсмејкери или дефибрилатори, доколку се најде...

Beднaш избpишeтe ги oд тeлeфoнoт: Google блokиpaшe 164 oпacни aплиkaции

Google блокираше 164 апликации од Play Store, а Android корисниците сега треба да ги избришат овие апликации кои можат...

(Видео)Дpoнoт нa Sony вo aкцијa:Airpeak нaскopo вo пpoдaжбa

Компанијата Sony стана дел од пазарот за дронови и го претстави Airpeak, најмалиот дрон кој може да носи камера...
- Advertisement -

Многу подалеку и побрзо од Стелт генерацијата

Од 2010 година до денес, се уште траат размислувањата на геополитички план, каде одиме со вооружувањето во светот и што е следно. Ако стратешки го разголиме правецот на развој, лесно ќе препознаеме дека доминацијата на една воена сила во воздухот е тоа што а овозможува понатамошна демонстрација на остатокот од воената сила – копнена и поморска.

Денес, кога навршуваат 117 години од првиот лет на браќата Рајт, таа превласт во воздухот е најзначајна во воените операции од локален, регионален но и глобален карактер на 21-от век. .

F-35 Lightning II – премногу спор и предмет на замена со 6-тата генерација борбени авиони

Ако во текот на 90-тите години од 20-от век, по распадот на Советскиот Сојуз, САД градејќи ја 5-тата генерација на борбени авиони за воздушна доминација (т.н. Стелт генерација на радарски „невидливи авиони), го зазеде врвот во воздушната моќ во светот, сепак 30 години подоцна ситуацијата е денес е толку очајна со воздухопловните сили на САД што бројни експерти беа се погласни во наговарањето на создавање на цела нова генерација на борбени авиони за воздушна превласт кои повторно ќе ја врателе премоќта на САД во воздухот, а со тоа и можност за доминација во светот. Т.н. непобедлив и доминантен F-22 „Raptor“ испадна детектиран од многу други уреди кои се сметаа „пропагандни фикции“ од руската страна. Така во Сирија цело време руските системи за против воздушна одбрана С-400 од базите во Хмеим и Тарсус ги следеле и бележеле сигналите на стелт борбените авиони F-22 и F-35 од американско производство кои биле „неприсутни“ во блиските воздушни простори во зоните на конфликтот. Не постоеле начин ниту средства ова да се избегне ова дури ни со замрачување на двојни цели. Во случај на употреба, во близина на Сирија тие би станале лесна цел, имајќи ги в предвид перформансите на рускиот систем.

Лансер на С-400 – против-воздушен ракетен систем

Залакот изгледа стана преголем што го покажа и последниот конфликт во Сирија. САД ограничена од само околу 180 парчиња стелт борбени авиони F-22 и неодамна воведениот во вооружување повеќенаменски борбен авион F-35 повеќе од очигледно забележа дека „коцката е фрлена“ и дека потпирањето на веќе 30 години старата „стелт“ технологија за т.н. радарска невидливост, падна во вода и со еден малку понапреден противавионски систем и радари кои ја калибрираат и менуваат работната бранова должина.

Сензационалното присуство и гостување на 8 парчиња Су-57 во Сирија, веќе ја прели чашата, па освен негирањето на успехот на „ѕвездата на конфликтот“ – Калибр проектилите со својата прецизност, голем дострел и разорна моќ убиваа терористи на ИСИС каде и да кренеа глава,  американците се фрлија на пропаганда бидејќи и немаа како да одговорат на руската доминација.

Qvo vadis – Kаде ли ќе одиме сега?

Во текот на 2020 година, САД тргна по патот на Руската Армија и го формираше својот 5-ти род во армијата – вселенските сили (порано под закрила на воздухопловните сили). Руската армија веќе од 1992 година ги именува своите воздухопловни сили како “Воздушно космички“, а нивната синергија во единствена команда контрола и централизирање уште повеќе ја зголеми нивната ефикасност.  
Значи од првата воена интервенција во Ирак 1991 па се до Либија 2011 воздухот беше оставен „на тацна“ на доминација на американската стелт технологија, се до појавата на С-300 базираните против воздушни системи кои „ја свртија водата“ на друга страна. Имено со појавата на овие системи Русија стекна можност успешно да брани воздушен простор од закани од секаков тип. Од ниско летечки хеликоптери и авиони на 5 метри висина од тлото, па се до балистички проектили до зони од над 120 километри висина (што е практично над стратосферата и мезосфера на планетата).

Тој непробоен штит од такви закани (Русија разви дури и неколку варијанти на С-300 кои уште повеќе ги зголемува перформансите никогаш јавно обелоденети – системот е толку ефикасен што може да пресретне и уништи топовска граната од среден и голем калибар) и претставува сигурна смрт за пилот и губиток на авион наменет да доминира во воздухот.

Со тоа се сметаат почетоците на обликување на следната 6-та генерација борбени авиони наменета да оддолее на овие закани и успешно да го контролира и владее просторот кој е целна сфера.

Што подалеку, побрзо и повеќе – сето тоа што потајно!

Ако сметате дека навиките од периодот на „Студената војна“ се завршена работа , гадно сте се излажале. Периодот на ренесансата од потпишаните договори за нуклеарно разоружување и како и договорите за контрола на конвенционалните вооружени сили (СТАРТ1 и СТАРТ2 договори) на двете супер сили –САД и Русија (како земја наследничка на Советскиот Сојуз) со доаѓањето на администрацијата на Барак Обама сето тоа замина во минатото Светската доминација е „во тренд“ и желбата да се достигне монополарен свет контрираше на дотогашната политика на мултиполарен свет – свет во кој ќе нема нација, држава или земја хегемон и која ќе владее во светот.

Су-57 – реална основа и понатаму Сухој да го развива овој авион до борбен авион од 6-та генерација

Сетете се на погореспоменатата максима – Ако сакате да владеете со светот ќе мора прво да завладеете со воздухот, па сето друго што следи… Копно, море, вселена и т.н.

Во услови кога 5-тата генерација борбени авиони е надвладеана и има реални закани по нејзината егзистенција и успешност, денес повеќето земји кои се сметаат за лидери во авионската индустрија и технологија на производство на воена технологија, посегнаа да ја обликуваат следната генерација борбени авиони и ако ги ставиме на хартија барањата се многу едноставни и кратки, но нивното исполнување е нималку лесно со оглед на досегашните лимити кои се достигнати:

  1. брзина суперсонична до хиперсонична (значи праиме муабет за брзина од над 4000 км/ч),
  2. висина на дејствија на авионот – неодредена, но пожелно е авионот да поседува способност да детектира и собори сателит во ниска или средна орбита околу планетата (налик на борбените авиони рускиот МиГ-31 и американскиот F-15 кои имаат тестирано и успешно уништено сателити во орбита околу земјата);
  3. модуларен дизајн кој ќе овозможи одредени елементи од воздухопловот да се заменат во период од часови со цел истиот да се адаптира и оптимизира за мисијата која е доделена како у да се направат одредени подобрувања;
  4. да поседува радарски „стелт“ карактеристики на борбен авион од 5-та генерација, но не задолжително кај сите побарувања;
  5. едноседен борбен авион (наменет за еден пилот) со опционална можност истиот да биде функционален и како беспилотен со примена на вештачка интелигенција. Поради високата цена на развојот и производството, тренирањето на пилотите и оспособувањето за овој авион ќе се врши исклучиво во симулатори или специјализирани школски авиони адаптирани за таа цел;
  6. да може да контролира поединечно еден или јато од дронови во извидувачка или напаѓачка мисија додека борбениот авион е на летечка мисија во „сигурен“ воздушен простор без загрозување на неговата безбедност;
  7. висока интероперабилна размена на податоци за „ситуацијата во воздухот“ помеѓу борбените авиони кои се наоѓаат во соодветниот воздушен простор;
  8. да може да дејствува со оружја со директна енергија (ласерски, плазма, радио бранови и сл.) пред се за сопствена одбрана во „високоризичен“ воздушен простор.

Бидејќи се работи за најсофистицирани и најнови орудија, голем дел од земјите само дискретно и помалку „срамежливо“ ги објавија нивните кандидати за развој.

Според проценките на експертите за вооружување и покрај плановите на воздухопловствата, овие скапи „играчки“ ќе се најдат во воздухопловствата во периодот 2025 – 2035 година кога конечно ќе го обликуваат изгледот на новото боиште, каде се ќе биде различно.

Веќе неколку земји ги најавија своите претенденти па да ги погледнеме:

Артистичка импресија на МиГ-41 – авион кој ќе го замени одличниот МиГ-31

РУСИЈА

Веќе долго време низ кулоарите се збори зошто Русија полека и претпазливо го развива досегашниот борбен авион од 5-та генерација Су-57. Иако се работи за супериорен „стелт“ ловец од 5-та генерација кој далеку ги надминува претендентите, сепак Русија направи дури 12 прототипови од овој борбен авион и полека не толку набрзина си развива некои „други проекти“. Секако дека се работи за одличен авион, но на подоцнежните прототипови Русија веќе и не обрнува внимание и најави ограничено сериско производство, па дури и замислете негов извоз. Имено Алжир најави дека во рок од 5 години ќе го има Су-57 во своите редови, бидејќи Русија „зготвила“ нешто многу помодерно и посовршено кое не го нуди на извоз туку ќе го вгнезди директно во својот арсенал. Не е тајна неговото постоење бидејќи од легендарниот авиоконцерн „МиГ“ долго време кружат гласини за постоење и развој на наследникот на најбрзиот вооружен авион во светот МиГ-31, под називот МиГ-41. Но, се уште е тајна неговиот изглед и облик. Последните примероци на „нешто ново“ излезено од овој производител е демонстраторот МиГ-1.44  во далечните 90ти години (кој беше откажан во корист на прототипот на Сухој ПАК/ФА – Т-50 – основата за денешниот Су-57) како и модернизираните варијанти на МиГ-29 познат како МиГ-35. Според последните гласини, се очекува изгледот да е спој на успешниот Сухој Су-57 и МиГ-31 но со сосема супериорни перформанси од најавена максимална брзина од над 6000 км/ч, имплементирани хиперсонични проектили, а во најава е тестирање на ласерско оружје со ограничена моќ наменето за сопствена одбрана од противникот. И толку сега за сега од МиГ. Секако дека Сухој не заостанува подалеку. На запад, од разни извори беа пуштени и во оптек артистичките импресии на Сухој Т-52 (подзаборавен прототип од времето на Советскиот Сојуз – кои беа направени според кажувањата на тогашниот директор Симонов на изложбите дека Сухој има „многу асови“ во ракавот за меѓународниот пазар, за кои западната хемисфера само сонува за такви перформанси)  како новинарска „мамка“ да излезе на површина нешто ново и поконкретно, но сепак попусто. Никакви информации освен дека постои и развојот е во тек.

Артистичка импресија на предлогот на Боинг за F/A-XX

САД

Во САД поконкретно настапи Морнарицата која веќе доби артистички импресии за новиот F/А-XX кој ќе ги замени F-18 сите типови и верзии и ќе ги надополни штотуку воведените F-35 . Барањата се горе доле слични со барањата за авиони од 6-та генерација за воздушна превласт единствено ќе се менуваат имињата на проектите. Концерните Локид, Боинг и Груман објавија артистички импресии на изгледот на идните нови борбени авиони кои ќе и помогнат на морнарицата да го надмине големиот јаз на недостаток од борбените авиони F-14 кои се сметаа за „ангели чувари“ на носачите на авиони на САД, а очигледно недоволно надополнети во својата улога од F-18E/F Super Hornet. Сите три варијанти се предвидени во натамошниот период за развој до технолошки демонстратори.

F/A-XX концептот на Груман

TAI TF-X на Турција

ТУРЦИЈА

Турција во 2019 та година стана „нов играч“ откога се прочу дека во нивната експедициона интервенција во Либија, со помош на ласерско оружје е забележано прво воено соборување на непријателски дрон во светот. Истата ,година по проблемите предизвикани од САД во врска на набавката на F-35, Турција на меѓународниот авио саем „Ле Бурже“ во Париз јавно изложи модел – макета во реални димензии од перспективен ловец од 6та генерација TF-X како планиран ловец кој ќе биде производ на Турската Авио Индустрија ТАИ. Иако според многумина стручњаци Турција развивала всушност ловец од 5-тата „стелт“ генерација на борбен авиони, сепак најновите информации велат дека амбициите на ТАИ се толку големи што разгледува опремување на авионот со Рам – реактивни млазни мотори и за тоа веќе на ,големо истражува соработник и партнер компанија истото да го стори.

ЈАПОНИЈА

На јапонското барање да купи одреден број на американски ловци F-22, американците одговорија со големо НЕ. Тоа беше и стартната точка кога Јапонија создаде амбициозен план за возобновување на својата авионска индустрија. Обидот да создаде ловци од домашно производство таа го разгледа и го усвои планот за развој на FX-2 кој треба да го видиме во воздухот до 2030 година.

Ј-20 преголем за 5-та генерација, но идеална платформа за 6-та генерација борбен авион

КИНА

Кинескиот претендент за борбен авион од 6та генерација не е непознат и таинствен. Кина со својот ловец од 5-та генерација Ј-20 буквално застана откако произведе ограничена серија за потребите на кинеското воздухопловство. Информациите од Кина велат дека по производството на ФЦ/ј-32 – вториот авион од 5та генерација, Кина највероојатно ќе продолжи да го развива Ј-20 во нов ловец од 6-та генерација.  

БРИТАНИЈА – ИТАЛИЈА

Темпест е името на идниот ловец од 6та генерација кој ќе го развиваат Велика Британија и Италија. Во план се да се изработат над 60 прототипови на нова технологија и системи кои ќе бидат вградени во авионот од страна на над 500 компании во Италија и Британија. Како главни координатори фирми се Бритиш Аероспејс и Леонардо, додека за погонската група ќе се погриќат Ролс Ројс и МБДа.

ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА

На саемот во „Ле Bурже“ во Париз, во 2019 година , Ербас, Дасо, МТУ претставија модел – макета со реални димензии на FCAS (Future Combat Air System) или „идниот воздушен борбен систем, заедно со некои од веќе произведените и оперативни проектили предвидени за удари на дистанца кои овој авион ќе ги користи. За разлика од британскиот конкурент Темпест, FCAS го сметаат повеќе за авион од 5-та генерација, иако сите земји учеснички тоа го негираат и тврдат дека ќе биде опремен согласно барањата за борбени авиони од 6-та генерација. Останува и за оваа макета да видиме во наредниот период како ќе се развива. Предвидено е да FCAS да биде воведн во вооружувањето најдоцна до 2040 година.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This