ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ХУАВЕЈ: САД најави можност за потпишување на трговски договор со Кина

  • November 5, 2019

Продолжува трговската вoјнa меѓу САД и Кина, а последните најави на американскиот министер за трговија навестуваат дека можеме да очекуваме позитивиен исход за Huawei, но и за м милиони корисници на нивните уреди. Во разговор за Bloomberg министерот Вилбур Рос изрази оптимизам за потпишување на првата фаза од трговкиот договор меѓу Кина и САД, што би можело да се случи уште во текот на ноември.

Исто така, најави и наскоро издавање на лиценци за американските компании кои сакаат да соработуваат со Кина. Иако таа можност беше најавена и претходно, досега не е издадена ниедна лиценца. Рос вели дека САД примиле 260 барања за лиценци за соработка со Кина, а тоа е повеќе отколку што очекувале. Иако не споменува конкретни компании, се претпоставува дека таква лиценца побарале и од Google.

Се разбира дека нема гаранција дека компаниите кои побарале лиценца навистина ќе ја добијат, но овие негови најави сепак влеваат оптимизам дека во иднина Huawei навистина ќе може повторно да соработува со Google и да го користи оператвниот систем Android на своите телефони. Една од главните аргументи на американските компании кои побарале лиценца е дека ако кинеската компанија не купува од Американците, ќе купи од нивните азиски конкуренти.

Според првата фаза од трговскиот договор, Кина би купувала повеќе земјоделски производи од САД, а за возврат ќе бара од САД да се откажат од покачените царини кои беа најавени за во декември годинава и кои би се однесувале на паметните телефони.

Од Кина се сомневаат дека може да се постигне таков договор. Ако дојде до конечен договор, сигурно нема да биде толку брзо, па Кинезите и Американците може да бидат задоволни ако се потпише првата фаза од договорот.

Претходно «