ДОГОВОРОТ Е НАПРАВЕН: Договорено е се – името, јазикот, национаноста, останува уште имплементација на договорот!

  • June 8, 2018

Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на телевизија 1ТВ рече дека главен проблем зошто се уште не е потпишан договорот за името со Грција е имплементацијата.

-Проблемот е во имплементација, во фазите. Сè е завршено, име, националност, јазик. Она што во теорија се вика продавање на договорот кон својата база, тоа не е решено. Тоа е приказната, тие решенија се прават на притисок, нема квалитет. Но, тоа може да биде проблем и да не се реши прашањето. Многу карти се ставени на маса за тоа да се прокоцка. Таканаречената тивка дипломатија сега фунцконира како притисок. Заев дава изјави: „Очекувам да добиеме покана во јуни“. Тука е проблемот, не му даваат покана во јуни, па два пати го изјавува за да направи притисок, вели Фрчковски.

Претходно «
Следно »