ДОГОВОРОТ НА МЕГДАН: ВМРО-ДПМНЕ бара итна и отворена седница за разгледување на договорот со Бугарија!

Поврзано

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија...

ИЗБОРИ НА ЕСЕН: ДУИ се за избори кои би се одржале во редовен термин на есен

Избори или на 5-ти јули или редовен термин на есен, дециден е во ова Бујар Османи кој вечерва во...

ДАЛИ НЕКОЈ Е НАД ЗАКОНИТЕ : Рашковски и во Струмица повторно без маска на лицето!

Анонимни читатели денеска ни испратија неколку фотографии на кои се гледа дека генералниот секретар на владата Драги Рашковски е...

Согласно член 67 од Деловникот, став 2, голем број на пратеници, припадници на Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесат барање за свикување на итна седница на Собранието за разгледување на отворена, а не на тајна седница, на договорот помеѓу Македонија и Бугарија, истакна пратеникот Антонио Милошоски.

-Пред неколку дена имавме затворена седница на инсистирање на премиерот Заев, кој што кажа дека овој македонско-бугарски договор за добрососедство, се уште е нацрт-текст во кој може да се интервенира за подобрување на текстот. Пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ увидоа 5 суштински слабости кои овој договор го прават штетен за интересите на Македонија и дадовме 5 препораки, за да денес добиеме официјална изјава од министерката за надворешни работи на соседна Република Бугарија, Захариева, која што наспроти тврдењата на Заев дека текстот на договорот е отворен и може да има подобрувања, таа тврди дека текстот на македонско-бугарскиот договор е затворен и дека немаат намера да преговараат, дека не го признаваат македонскиот јазик и дека нема нешто такво во договорот како македонски народ, рече Милошоски.

Тој укажа дека Собранието и Владата пред јавноста се одговорни да отворат јавна дискусија за договорот, за да може јавноста да знае што ќе биде потпишано и колкава е користа од овој текст и договор за соседна Бугарија и колкава може да биде штетата за Македонија.

-За бугарскиот премиер ќе биде победа што ќе потпише договор во кој го нема терминот македонски народ, за македонскиот премиер и Македонија како држава ќе биде пораз доколку биде потпишан текст каде што не се признава македонскиот народ како конститутивен народ во Република Македонија. Очекуваме Собранието да одржи итна и отворена седница за договорот помеѓу Македонија и Бугарија, а Зоран Заев да го отвори пред јавноста за да се дебатира и народот да знае колкава корист ќе има Бугарија, а колкава штета Македонија, додаде Милошоски.

Актуелно

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија...

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по населби статистиката е следна: Чаир –...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

Повеќе вести