Додека работел во пластеници му паднало метална шипка по главата- починал на лице место

  • May 19, 2019

На 18.05.2019 година околу 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Зубово, струмичко, додека Б.К.(66) од с.Зубово работел во нива со трактор под пластеници, една метална шипка од пластеникот се откачила и го уд рила во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Претходно «
Следно »