ДОДЕКА РАДА НОСИ „ПРАДА“, ВОЈНИЦИТЕ МРЗНАТ: Пропадна огласот за набавка на ветровки – војската оставена да мрзне!

  • January 15, 2019

Денес по порталите излезе вест дека ниту една фирма не се пријавила на огласот на Министерството за одбрана за конфекционирање на капи и ветровки за маскирни теренски униформи за АРМ, кој бил објавен на 30 ноември лани. Поради тоа, Министерството минатата недела го имаат поништено огласот.

Во самиот оглас се барало конфекционирање на ветровки од ткаенина за воено теренска униформа во основна маскирна шара и на капи од ткаенина за воено теренска униформа во универзална маскирна шара. Вредноста на набавката, без ДДВ, се движела околу 2 милиона денари, од кои околу 1,8 милиони за ветровки, а околу 165.000 денари за капи. Набавката била делива, а за обата дела на 21 декември требало да се одржат електронски јавни аукции. Од фирмите се барало по спецификација на Министерството да сошијат околу 1.240 ветровки со влошки од 4.231 метар платно во маскирна шара што Министерството за одбрана ќе му го достави на конфекционерот, со обврска остатокот да го врати. Во вториот дел од набавката, конфекционерот требало да сошие околу 1.500 капи за борбена униформа од 800 метри платно, доставено од Министерството за одбрана. Конфекционерот готовите ветровки и капи требало да и ги испорача на АРМ во рок од 60 дена од добивањето на маскирната ткаенина.

Дали по пропаѓање на овој оглас војниците се оставени сами на себе на ова студено време бидејќи при овие ниски температури ќе измрзнат без ветровки. Ова да се случува во самото министерство не е првпат бидејќи во октомври медиумите беа преплавени со скандалозната изјава на министерката кога при гостување на една дебатна емисија рече – „За жал и оваа зима, пола зима ќе ја издржиме со старите чизми, но важно е дека и после долго време, имаме набавка на нови чизми.“

По пропаднатиот оглас на Министерството се поставува прашање дали во позадина стојат и личните интереси на владејачките структури за да се додели самиот тендер на некој нивен близок.

Претходно «
Следно »