ДОДЕКА СЕ ЗАМАЈУВА ЈАВНОСТА, СДСМ СО „КРВАВИ ТЕНДЕРИ“ ГО КРАДЕ НАРОДОТ: Зоран Заев е единствениот политичар во Република Македонија кој прифати да се откаже од името и Уставот

  • July 24, 2018

СДСМ се фатени во криминал и затоа пратеникот Костадин Костадинов во панични прес-конференции кажува лаги и манипулации, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За само неколку дена на виделина излегоа криминали од над 45 милиони евра, пари на граѓаните кои СДСМ сака преку наводни иновации и крвави тендери да ги испумпа во џебови или фирмите блиски до СДСМ – вели Стоилковски.
Стоилковски додаде дека доколку Костадинов сака да говори за криминал, нека го праша колегата Локвенец како успеа да добие грант, за набавка на опрема за наводна иновативност на неговата печатница.

Кога зборува за криминал, се прашал ли Костадинов како Венко Филипче дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер дебел 35 милиони евра? Или како вицепремиерот вели дека неговите компании се самостојни а потоа им нареди да се повлечат од доделениот грант? Може и советничката на Заев да објасни дали снашката ја основала фирмата за да добие 330 000 евра по препорака на свекрвата. Впрочем Костадинов и самиот е сведок на криминали кои се правеа со години во општина Струмица, во која неговиот лидер и сограѓанин Заев бараше поткуп од 200 илјади евра за државно земјиште да биде уплатено во менувачницата на семејниот клан – потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски истакна дека ова што се случува во Македонија е класичен грабеж!

Го сотреа секој денар на граѓаните, а милионите евра што ги ставаат на сметките ги покриваат со продажба на највисоките државни и национални интереси – рече тој.
Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Зоран Заев е единствениот политичар во Република Македонија кој прифати да се откаже од името и Уставот и да ги прифати грчките црвени линии, додавајќи дека ова ќе остане запишано во историјата.

Стоилковски смета дека потребни се реформи и економски прогрес, а не распродажба на македонската историја, традиција и култура. Заробениот правен систем ја држи Република Македонија надвор од евроатланските структури кои не ги покрива ниту предавството на националните интереси.

Република Македонија со ваква криминална власт не може да оди напред. Манипулациите за каква било амнестија на криминалите на Заев и картелот на власт не минуваат. Ќе има одговорност за се што украдоа. Колку побрзо заминат, толку побрзо Македонија ќе оди напред и Македонија ќе победи вели Стоилковски.

Претходно «
Следно »