ДОКУМЕНТИТЕ ОБЈАВЕНИ ОД ДАРМ, КОШМАР ЗА УДБАШИТЕ: Во овие документи има злосторства против човештвото кои мора да се казнат!

Поврзано

СО СДСМ НА ВЛАСТ: Цвета финасискиот kpиминал во Македонија

Од 509.907.569 денари штета преку 94 kpивични дела во 2015 година до 9.315.337.006 денари штeта врз буџетот преку 122...

СО НОВАТА УРЕДБА НА ВЛАДАТА: Бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилат

На денешната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за...

ОСТАНА МИСТЕРИЈА: Ниту еднаш Катица не објасни на јавноста што тоа ќе биде ОК

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше адвокат Сузана Јошевска Анастасовска при што посочи дека во текот на...

Македонската јавност ја разбранува промоцијата на историската едицијата „Црните страници на УДБА“ , издадена од страна на ДАРМ, во кое меѓу другото беше потенцирано дека имало следење на луѓе.

filip_udba

Притоа, директорот на ДАРМ, Филип Петровски зборува за досиејата кои се наоѓаат во едицијата во емисијата Круг со Маријан Николовски.

На прашањето дали имало обиди за опструкции да се објави ваква книга, Петровски образложи дека имало и дека кај некои интелектуалци се уште владее страв од тоа што го има во досиејата, а некои од нив сметаат дека тоа се информации кои не треба да бидат во јавност, но сепак како што вели тој  и неговиот тим одлучиле дека народот треба да ја знае вистината и притоа да помогнеме да се дополни македонската историја. Секако законот му дозволува на Архивот да ги објави информациите, од документите е симната тајноста. Имено, се објавува документација која е сведоштво на некое време. Јавноста сама треба да даде оценка за луѓето кои се наоѓаат во документите, бидејќи во нив се наоѓаат луѓе кои биле жртви па под притисок станале соработници, има луѓе кои биле соработници па жртви, како и луѓе кои менувале страни за да се спасат, секако тоа е и целта на објавувањето јавноста да види и сама да донесе своја оценка.

Можеме да видиме многу сериозни прогони, уништување на цели семејства, жртви на систем, а со ова сакаме да ги мотивираме токму децата на жртвите да достават материјали како и лични доживувања до Државниот Архив. Овој процес не е завршен, туку само што започна- истакна Петровски.

Додава дека имал средба со лице кое донело досиеја на својот татко а и на својот дедо и кое се уште се смета за жртва и граѓанин од втор ред, а тоа  е нешто што мора да се исправи бидејќи кога се води досие се нанесува штета на цела група  и на цели семејства. А дури 10 отсто од населението било во еден период предмет на обработка, притоа постојат  над 137 илјади досиеја, а во Архивот има околу 15 илјади досиеја, оттука се поставува прашањето каде се останатите…Секој можел да биде на мета а допрва треба да се истражува какви последици има останато врз општеството, семејствата…

Првиот том од едицијата е посветен на пресметката со ВМРО веднаш по 45-тата година, односно посветен на ликвидациите и судењето на млади луѓе, на луѓето им се лепат етикети а не постои доказ за тоа, токму затоа мора да се најде начин денес индиректно да се дојде до вистината.

Во едицијата се посветува дел за Голи Оток на кој се испраќаат и вмровци како и џепчии и слично, но за да бидеме сигурни дека тоа навистина биле крадци треба да се изврши темелна анализа на досиеата, односно дали станува збор за фалсификувана документација за да се прикаже како затвор ист како и сите други а всушност вистинската намена била да има идеолошки затвореници- истакнува Петровски

Додека во третиот том се зборува за помалку познатите судбини, односно се зборува за тоа дека  секој можел да биде на мета, односно тајната служба се плашела од секој во Македонија, односно дека секој може да развие идеја за независност.

Притоа, тајната полиција имала инфилтрирано луѓе во секоја работна организација и доволно било да зборувате дома, пред колеги и слично, бил контролиран целиот општествен процес, се поставувале директори односно оперативци на тајната полиција. Следени се телефонски разговори неовластено се отворале писма…

Во четвртиот том се споменува досието на Ченто, а тој е единствениот кој минува низ правна рехабилитација во Македонија, за жал нема доволно документи за тоа како се постапувало со него, а многу е значајно да се види дека Ченто размислувал за обединување на Македонскиот народ, бидејќи ние имаме историски долг кон Ченто кој се залагал за Македонија, токму затоа мора да се знае вистината која е сокриена-истакнува Петровски.

Петтиот дел е насочен кон дијаспората, односно луѓето од Македонија не се иселувале само за пари туку поради закани и притисоци поради нивните идеолошки убедувања.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение:

Актуелно

НЕ СЕ 67 ТУКУ 76 НОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури 52 се од Скопје!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи...

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења. Јанева во своето...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести