(Документи) Семејството на лидер на политичка партија се сели од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно резултатите од реалните анкети, оние кои не се за пред јавност не се поволни па некој планира брз излез од Македонија.

На социјалната мрежа Твитер се појавија информации кои упатуваат на тоа дека изминатиот период семејството на лидер на голема политичка партија купува имот надвор од Македонија.

Нотарскиот договор кој попладнево се појави на социјалните мрежи укажува на тоа дека се работи за купопродажба на стан во вредност од 30 илјади евра.

Целиот процес се одвива во Неа Мудања на Халкидики на 28.12.2012 година. Bo врска со објектот, станува збор за зграда на два спрата со внатрешна гаража во Неа Потидеа.

Станот е на име на лицетото Б. З.

Семејството на „бизнисмени“ од Муртино е добро познато за македонската јавност, а во изминатиот период се најде во центарот на низа коруптивни скандали кои упатуваат на долгогодишни затворски казни за членовите на семејството.

За бизнисмените се говори дека имаат одлични конекции и односи со нашиот Јужен сосед, а во изминатиот период имаа и соработка на највисоко политичко ниво.

Сега за сега граничниот премин со Грција е затворен, но се поставува прашањето дали за овие лица ќе биде направен преседан па од политички причини на истите ќе им биде дозволен влез во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This