ДОЛАРОТ ПАЃА: Од понеделникот доларот почна да паѓа кон двонеделниот минимум

  • April 17, 2018

Доларот падна во понеделник и се движи кон двонеделен минимум 

Доларот забележа пад после олеснувањето помеѓу инвеститорите по нападот на Сирија кој го предводеше САД, односно кога стана јасно дека ситуацијата нема да ескалира, во време кога трговската војна го потресе глобалниот пазар.

Во однос на куповната валута, вредноста на доларот е намалена за 0,3 отсто на 89,54 поени.

Индексот на долар падна за 0,6 отсто во текот на овој месец, а од почетокот на годината изгубио приближно 3,0 проценти од вредноста. Минатата недела, индексот на доларот забележа двонеделен минимум од 89,36 поени.

Останатите валути исто така “заглавија” во одредени трговски размени, при што еврото за едно евро се добиваат 1,23 долари ниво на кое се тргуваше целата мината недела.

Фунта беше најголемиот добитник на пазарот на валути, бидејќи се зголеми за пола процент во однос на доларот односно една фунта се тргуваше за 1.43 долари, бидејќи инвеститорите се фокусираа на показатели и очекувањата дека ќе се зголемат каматните стапки во мај.

Претходно «
Следно »