ДОМОРОДЦИ И ВАРВАРИ ЌЕ ЈА ВОДАТ КУЛТУРАТА: Наместо развој на културата во Македонија завладеа варваризмот, реваншизмот, партизацијата и сталинистичките методи на владеење!

  • August 1, 2017

Во Македонија наместо да дојде живот, на власт дојдоа неспособни неработници. Наместо развој на културата, во Македонија завладеа варваризмот, реваншизмот, партизацијата и сталинистичките методи на владеење. Наместо прогрес, гледаме уназадување и рушење, изјави на денешната прес-конференција Mилош Милошевски.

-Роберт Алаѓозовски не формираше совет за култура, туку совет за лечење фрустрации и варваризам. На членовите на овој совет не им беше доволно рушењето и сквернавењето споменици во платеничката револуција на СДС и Сорос, туку сега планираат покрај јадењето живи луѓе да ги изедат и спомениците на македонските херои и победи. Владе Милчин од Сорос, Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и уште плеада други војници на СДС и Сорос седнаа во фотелјите во министерството за култура каде наместо да водат грижа за културното наследство, водат грижа за сопствениот бес и политиката на сеење омраза и поделби во општеството, вели Милошевски.

Тој истакна дека овие луѓе кои плукаа по спомениците во платеничката револуција на СДС и Сорос, Алаѓозовски ги постави во советот за лечење фрустрации и варваризам за да го советуваат како да ги уништува спомен одбележјата на македонската историја.

-Овие луѓе кои за историските херои зборуваат со понижување, хероите кои гинеле за Македонија ги нарекуваат „булумента“, плукаат по Никола Карев и Илинденците, и најавуваат дека ќе ги минираат, рушат, топат и уништуваат спомениците, сега истите тие луѓе ќе му ги даваат овие совети на сталинистот Алаѓозовски. За овие луѓе како Владе Милчин, Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев, оддавањето почесто кон историски важните личности во создавањето на македонската држава било навреда за нивната интелигенција, рече Милошевски.

Тој вели и дека на ваквиот совет за лечење фрустрации на СДС и Сорос му препорачуваме да биде многу внимателен како ќе постапува.

-Мнозинството граѓани во оваа држава не го поддржуваат понижувачкиот однос кој СДС и Сорос го имаат кон македонската историја. Секој непромислен чекор на Алаѓозовски и советот против македонската историја и македонските херои, може да повлече соодветни последици. За целокупната негрижа, неодговорност и неспособност на СДС набргу ќе следи политичка одговорност, заврши Милошевски.

Претходно «
Следно »