November 27, 2021, 10:30 am

Донација од 10 000 руски вакцини за Албанија од Обeдинетите Арапски Емирати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првите 10.000 дози од руската вакцина Албанија ги доби денеска како донација од Обединетите Арапски Емирати. Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу и министерот за обнова Арбен Ахметај, присуствуваа на аеродромот во Тирана каде што пристигна првата пратка, при што изјавија дека ќе продолжат да обезбедат што поголем број вакцини.

10.000 дози од вакцината Спутник, донација од Обединетите Арапски Емирати, веќе пристигнаа и ние ќе ја продолжиме вакцинацијата со зголемена динамика. Ова е чекор напред во последниот километар кон победата. Ќе продолжиме да обезбедуваме уште повеќе вакцини, со цел што побрзо да започнеме масовно вакцинирање на населението, за да ја олесниме туристичката сезона, изјави Манастирлиу.

Истовремено, министерката за здравство потенцираше дека Комитетот за имунизација дал гаранција за употреба на вакцините.

Комитетот за имунизација и сите структури кои се занимаваат со сертификација, безбедност и ефикасност на вакцините веќе дадоа пред неколку недели гаранција за вакцините, кои нудат безбедност и ефикасност, додаде таа.

Во Албанија досега се вакцинирани околу 47.000 граѓани бидејќи земјата располага со над 90.000 дози вакцини и тоа од Фајзер, АстраЗенека, а од денеска ја има и Спутник V.

Latest News

Јувентус под истрага за проневера од 50 милиони евра?

Федералното обвинителство на Италија започна истрага против Јувентус, а првоосомничени се претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и...

More Articles Like This