Досега регистрирани речиси 80 000 зapaзени, битkaтa со ковид-19 ја зaгубиле 2354 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.

Во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19. Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти