ДОСТА ЗЛОЧИНИ: За судбината на Македонија одлучуваат 19% албанци, да не дозволиме тоа да се случи и во Србија – предупредува Вучичевиќ

  • March 5, 2017

Уредникот на еден од најтиражните српски весници „Информер“ Драган Вучичевиќ во својот последен уреднички коментар смета дека ситуацијата во Македонија треба да биде пример за нив, Србите, како НАТО, САД, ЕУ се обидуваат да ја рушат државата и да се заштитат од истото сценарио

vucicevic_informer

Македонија е лекција која ние Србите мораме внимателно да ја изучиме пред излегување на претседателските избори на 2.април. Многу е важно да разбереме што точно се случува во Скопје денес, за нам утре да не ни се случи истото зло во Белград. – вели Вучичевиќ.

Како што вели, истите оние кои веќе со години ја сулуваат, сега отворено ги „ебат“ Македонците во здрав мозок, истите оние кои веќе со децении, таа несреќна држава ја држат со статус „буре барут“, на тој начин што само тие имаат право да го користат кибритот и противпожарниот апарат, сега имаат опасни планови за Србија, додава Вучичевиќ.

„Оние кои веќе две години Македонија ја давеа во состојба на парадржавен провизориум и забрануваа избори се додека шиптарско-соросовиот платеник Зоран Заев не го набуткаа на преку 35% од гласовите, оние кои сега од НАТО командата наредуваат кој со кого во Македонија ќе прави влада (!?!), истите би сакале во Србија по секоја цена да ја вратат во добата на досиситичката кохабитација во чие време со оваа земја правеа што сакаа“ – вели Вучичевиќ.

Нивната единствена шанса тоа да го постигнат е да не поделат и меѓусебно да не закрват како би можеле Србите да ги користат во своја корист, вели Вучичевиќ и додава, горе споменатата Македонија е пример за таква операција. Земјата во која 80% од граѓаните се Македнци е доведена поради НАТО демократијата во ситуација за колективната судбина, за живот и смрт, за војна и мир да одлучуваат 19% „шиптари“ – додава Вучичевиќ.

Вучичевиќ стравува дека во Србија се спрема истото сценарио на поделби и закрвување за време на претседателските избори, на кои според него има неколку играчи на НАТО, кои во стилот на платеникот Заев би биле на страната на Албанската идеја за „Голема Албанија“.

Претходно «
Следно »