ДОСТА СЕ ГЛУПИРАТЕ СМЕШНИ СТЕ: По фијаското со „пречистувањето“, Спасов излезе со „цврсти“ докази дека 30.000 гласачи не постоеле!

  • August 20, 2016

Активната регистрација на спорните гласачи заврши. До истекот на рокот вкупно 8922 лица поднеле апликација за да останат на избирачкиот список. 30.580 лица ќе бидат избришани од списокот. Тие последна можност да се вклучат во изборниот процес ќе имаат некаде во октомври, по распишување на изборите кога избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид. Тогаш повторно ќе можат со личните документи да се пријават на гласање.

izbiracki-spisok-2

Како што и беше познато, најголем дел од спорните гласачи се етнички Албанци, па оттука, не е изненадување податокот дека најмногу поднесени апликации има во општините каде што живее доминантно албанско население.
opstina.jpg-500
Најголем дел од граѓаните кои го пропуштија рокот за пријавување се претпоставува дека веќе подолг период не живеат во Македонија.
Интересно е дека опозицијата тврдеше дека во Македонија има околу 500.000 фантомски гласачи. По ова тврдење во таборот на СДСМ почна веселата математика. Партиските функционери секојдневно излегуваа со нови бројки. Како одминуваше времето, цифрата паѓаше од 500 на 300 илјади, па на 200 за на крајот СДСМ да се согласи активно да се проверуваат 39.502 гласачи од кои околу 9.000 се пријавија за гласање.

Но СДСМ не се откажува од обидите за манипулација со бројките во избирачкиот список. Партискиот потпретседател Дамјан Манчевски вчера рече дека се покажало дека во Македонија нема повеќе од 1,5 милиони гласачи.

„Но, она што и бројките го покажуваат е, не се само овие, да не ги забораваме и дополнителните 172.000 гласачи коишто според анализите на бази на податоците не се во моментов во Македонија, не наведува до клучниот заклучок, дека во Македонија нема повеќе од 1.500.000 гласачи, она што цело време го тврдиме.“ – изјави вчера Манчевски.

Сепак, треба да се знае дека оние 172.000 гласачи кои ќе бидат ставени на посебен избирачки список, нема да го загубат правото на глас каков што ќе биде случајот со 30.000 кои не се пријавија со активната регистрација. Во такви услови се очекува избирачки список кој ќе брои 1,78 милини гласачи, што значи дека ќе биде идентичен со оној од изборите во 2014та година.

Дали во Македонија живеат 1,5 милиони граѓани според експертите е небитно прашање кога станува збор за изборниот процес, бидејќи на избори, гласаат оние кои имаат најмалку 18 години, македонско државјанство и важечки лични документи, без разлика каде живеат.
Од друга страна, во последните изборни процеси во земјава гласаат околу 1,1 милиони граѓани, или нешто над 60% од вкупниот број регистрирани гласачи на избирачкиот список, што според експертите е сосема нормална бројка за условите, особено ако се знае во каква електризирана атмосфера поминува секој предизборен период и каква поларизација постои меѓу граѓаните.

Предвремени парламентарни избори 2014 година
zzzzzzz.jpg-700
И покрај ова, од СДСМ упорно ја верглаат едната иста реченица дека „во Македонија се докажало дека има толку и толку непостоечки гласачи“, што по ова фијаско веќе слободно може да се формулира како тотална изгубеност во просторот и времето.

Последнет со ваквата глупост беше Оливер Спасовски, кој сега пак тврди дека „Со ова се докажа дека во Македонија не постојат 30.000“ гласачи. Меѓутоа како се докажува не даде објаснување, притоа заборавајќи го последниот катастрофален пораз на СДСМ, кој не се движеше во рамките на десетици илијади гласови разлика туку стотици илијади. Поточно 200.000.

Претходно «
Следно »