September 27, 2020, 11:21 am

ДОСТА СЕ РАЗГОВАРА ЗА ДЕБЛОКАДИ НА ПРЕПОРАКИ: Македонија треба да започне преговори за ЕУ!

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ: Фирма на советник во Град Скопје, близок до Шилегов, фаворизирана од ФИТР, истата добивала тендери во 2018

Како истата фирма „Бригада Дизајн“ без тендер во четири очи добила две јавни набавки во вредност од над 40...

(Видео) Нелоски: 11.8 милиoни за coвeтник на СДСМ во Гpaд Скопје пpeкy Фондот за инoвaции

Продолжуваат иновативните методи за испумпување пари од државата. Фондот за иновации продолжува да иновира нови начини за испумпување на пари...

Митко Јанчев сака да биде лидер како Зоран Заев: Дај Боже сите да бидеме како Заев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, чиј член се уште е, на трибина зборуваше за...
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација денеска пристигна во тридневна работна посета на Брисел, каде вечерва во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во неговата изјава по двете средби вечерва, Груевски истакна дека единствена цел во разговорите и неговата псоета на Брисел е да се најде начин да и се помогне на Македонија да го забрза својот од кон евро-атлантските интеграции.

-Најпрво се сретнав со господинот Мекалистер, кој е и потпретседател на Европската народна партија и член на Европарламентот, а потоа и со претседателот на Евросоветот, Доналд Туск. Со двајцата разговарав во правец на тоа да и се помогне на Македонија, да се прнесат информациите од Македонија, односно што е она што се случува и што се очекува да се случува и како може Македонија и понатаму да напредува. Она што ми беше главната поента на мојата дискусија беше дека Македонија предолго го чека членството во ЕУ, а дека тоа ни е одамна заслужено. Досега се направени повеќе бранови на реформи. Секогаш ќе има и нови бранови на реформи, па еве сега следува нов бран, а по некое време ќе има нов итн. Тоа е така насекаде и во секоја земја. Но, предолго се чека за членство во Европската унија, а се разбира и во НАТО, посочи Груевски.

Поранешниот македонски премиер, вели дека на Мекалистер и Туск им порачал дека Македонија треба да почне да преговара за членство во ЕУ, а не да се говори за некакво одмрзнување на препораки и слично.

– Укажав дека е време да се најде начин да и се помогне на Македонија да ги почне преговорите. Не да говориме за одмрзнување на препораки и слично, туку за почеток на преговорите, отворање на поглавја и завршување на тие преговори, што ќе заврши со членство на Македонија во Европската унија. Од тој аспект, јас укажав дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени во македонскиот Парламент да дадеме поддршка за се што ќе процениме дека ќе биде од корист за граѓаните и за државата. Нормално е дека како опозиција и ќе го критикуваме тоа што ќе дојде, а што ќе сметаме дека можеби не е најдобро срочено и обмислено, додава Груевски.

Првиот човек на најбројната политичка партија во Парламентот на Република Македонија, исто така, на првите луѓе на АФЕТ-групата во Европарламентот и на Европскиот совет им ја презентирал и актуелната политичка состојба во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и што следува во иднина.

– Но, и на двете средби, како со Мекалситер, така и со Туск, главниот акцент го поставив на иднината на Македонија и на што е можно побрзото членство во Европската унија, рече Никола Груевски.

Освен со оваа висока европска двојка, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе оствари средба и со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Сепак, централен настан од дводневната посета на поранешниот премиер на Република Македонија на Брисел е утрешниот Самит на Европската народна партија (ЕПП), најбројната пратеничка група во Европарламентот, чија придружна членка е и ВМРО-ДПМНЕ.

На овој Самит на ЕПП, кој ќе се одржи во Кралската академија на Белгија, покрај Никола Груевски, ќе присуствуваат и Туск, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Исто така, најавено е и присуство на Ангела Меркел (канцеларка на Германија), како и на премиерите Маријано Рахој (Шпанија), Никос Анастасијадис (Кипар), Клаус Јоханис (Романија), Бојко Борисов (Бугарија), Виктор Орбан (Унгарија), Андреј Пленковиќ (Хрватска) и Лео Варадкар (Ирска).

Присуството на настанот со челниците на Европската унија, како и неговите билатерални средби со првите луѓе на ЕУ, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да го искористат за унапредување на соработката што неговата партија ја има со истите, како и за забрзување на македонските евро-атлантски интеграции, со оглед на тоа што агендата за итно членство на Македонија во Унијата и НАТО е врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Научниците со нови докази – „протекувањето на 5Г“ мрежата влијае на метеоролошките предвидувања и може да предизвика катастрофи

„Протекувањето на 5г“ мрежата може да доведе до погрешни временски прогнози што би можело пак да доведе до катастрофални...

Воена состојба: Црвена ѕвезда не патува во Ерменија

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда во четврток треба да игра Во Ерменија од 16 часот, во плеј-оф на Лигата на Европа. Мала е веројатноста дека шампионот...

Нова вojнa во Европа – Ерменија прогласи вoeнa состојба поради Нагорно-Карабах, се пyka на границата со Азербејџан

Владата на Ерменија прогласи воена состојба поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно-Карабах, откако лидерот на Нагорно-Карабах најави општа мобилизација и воена состојба. И владата на...

Тим билдинзите од 1 јануари ќе бидат даночно признаен расход

Во четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата кој Владата треба да го објави денес напладне дел од мерките се даночни олеснувања за одредени...

Дрога пронајдена кај гости во велешки локал

Синоќа по полноќ полицијата извршила апсења во угостителски објект на велешката улица „А.Шурков“. Како што информираат од МВР, уапсени биле велешаните П.М.(26), С.Д.(45) и И.К.(43),...

More Articles Like This