ДОЈДЕ ЖИВОТОТ: Директорот на МЕПСО си се поднови со лимузина!

  • March 20, 2019

Нова лимузина која треба да е дизeл, металик црна боја ќе добие директорот на МЕПСО, според тендерската документација. Освен лимузината, државната МЕПСО ќе набавува и патнички возила за 1,2 милиони евра.

Според тендерската документација МЕПСО бара лимузината да има:

„Систем за препознавање и пpeдyпредyвaњe на зaмop кај возачот или еквивалентен систем, систем за автоматско одржување на растојанието до возилото напред, систем за автономно coпирање при ризик од фронтален cyдар на мали брзини, предни светла во Ксенон или ЛЕД изведба, систем за миење на предни светла, централен потпирач за раце за патниците на задните и предните седишта, алумински тркала, патен компјутер, темпомат“ – стои во тендерската спецификација, јави „телевизија 24“.

МЕПСО во јавноста беше прозван и за набавката на мебел вреден над 320.000 евра, во која влегуваа и фотелјите од природна телешка кожа.

Претходно «
Следно »