ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДОЛНЕНИ: Опинците заменети со скапи чевли, кои газат по уште поскапи автомобилски патосници

  • September 13, 2018

Градоначалникот на општина Долнени, Џемил Камили, ќе се вози во луксузен автомобил од 32.000 евра. Според податоците објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, општина Долнени на 3 септември склучил договор за набавка на автомобил Skoda Superb Ambition, вреден 32.000 евра, од компанијата ДООЕЛ „Јосифов“ Битола.

Според сепцификацијата, автомобилот треба да биде со боја црна металик, со кожен волан.

Претходно неколку градоначалници и директори на јавни претпријатија набавија луксузни автомобили вредни десетици илјади евра народни пари.

 

Претходно «
Следно »