ДОЈДЕ ЖИВОТ И ВО ТВ ТЕЛМА: Атанас Кировски им забрани на новинарите да коментираат и пишуваат мислења на социјални мрежи!

  • October 16, 2018
  • Коментари

„Дојде живот во редакциите“ – беше коментарот на новинарот Цветин Чилиманов, кој на својот профил објави фотографија од наредбата потпишана од главниот и одговорен уредник на Телма Атанас Кировски, со која се забранува на новинарите и вработени во телевизијата слободно да коментираат и да пишуваат статуси на социјалните мрежи/

 

„Вработените во ТВ ТЕЛМА ја претставуваат во јавност телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ ТЕЛМА. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсбук профили, твитер и други социјални мрежи или медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ ТЕЛМА. Во иднина било каков коментар ќе биде санкцонира“ – стои во наредбата потпишана од главниот и одговорен уредник на телевизијата Атанас Кировски.

 

Претходно «
Следно »