До крајот на неделава се очекува датум за изборите

Поврзано

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со kpиминал, koрупција или напредна прогресивна држава,...

Николоски до Заев: Кoга сакаш, каде сакаш, во колку сакаш, повели на дуел, да видиме кого луѓето ќе поддржат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 денес се сретна до...

Мицкоски: Договорите за добрососедство треба да се двонасочна улица, не едностран акт како оној со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, потенцираше дека добрососедските...

Третата вонредна состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на последната седница на Советот за безбедност, овој пат во траење од 14 дена истекува на крајот на месецов, по што според Уставот треба да продолжат законските активности за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа одложени поради коронакризата.

Партиите се уште без усогласен термин за изборите, откако последната лидерска средба заврши со различни ставови на власта и опозицијата за натамошните активности околу предвремените избори, кои пред избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 требаше да се одржат на 12 април.

И власта и опозицијата сакаат на избори со датум, за кој е постигнат консенсуз, но засега според она што го кажуваат во јавноста, заеднички јазик нема, а усогласување на ставовите се очекуваат до крајот на оваа недела, иако засега се уште нема официјална потврда за нова лидерска до 30 мај, паралелно со завршувањето на 14-дневната вонредна состојба.

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на лидерската предложи три термини: 23, 30 август и 13 септември и натаму за избори во рамки на тој период. Тој вчера во интервју за ТВ Клан истакна дека август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што, според него тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните.

– Тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од коронавирусот, но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу, но не исполни ништо, рече Мицкоски, според кого барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните бидејќи најпрвин барал вонредна состојба, а веќе другиот ден избори.

Нагласи дека здравјето е пред се и тоа е нешто што не се менува и додаде дека одлуките во неговата партија ги носат врз основа на мислењата на експертите.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести