ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ ОД АПСЕЊЕТО: Приведени 2.839 луѓе, народот ги тепа пучистите, полицијата ги затвара!

  • July 16, 2016

Повеќе од 700 војници го положија оружјето и излегоа од седиштето на Генералштабот, соблекувајќи ги воените униформи додека се предаваат

Најмалку 2.839 луѓе кои учествувале во обидот за државен удар во Турција се приведени, рекол Турскиот премиер Бинали Јилдирим. Повеќе од 700 офицери и војници го положија оружјети и излегоа пред седиштето на Генералштабот на турските вооружени сили. Потоа се предадоа на полициските сили, јавува Анадолија.

Сите војници и офицери кои се предале на полицијата се лишени од слобода и ќе бидат процесуирани поради синоќешниот обид за државен удар.

Граѓаните кои во голем број се собраа на улиците и протестираа против обидот за удар им ветија на војниците внатре во комплексот на Генералштабот дека нема да гио повредат доколку го положат оружјето и се предадат на полицијата.

Офицерите кои разговараа со граѓаните тврдеа дека биле повикани од надредени од Генералштабот и им рекле дека се работи за некаква вежба.

За време на вчерашниот обид за воен удар, силите лојални на турската власт се судрија со бунтовниците кои потоа се и уапсени.

Претходно «
Следно »