ДРЖАВАТА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА: Ако владата продолжи вака, до крајот на годината државата ќе влезе во рецесија!

  • August 18, 2017

Не треба много човек да биде аналитичен за да заклучи дека ако вториот квартал се движиме околу нулата би биле среќни, а ако вака продолжи втората половина на август месец и првата половина на септември, тогаш сигурно ќе имаме негативен раст на бруто домашниот производ во третиот квартал, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска беше гостин во Вестите на Сител телевизија.

-Ако си дозволиме и во четвртиот квартал да имаме, тогаш државата ќе влезе во рецесија и ќе биде една од ретките во Европа која во овој период ќе влезе во рецесија, додаде Мицкоски.

Според него, многу е значајно да се подобрат економските перформански, да се започне економска офанзива, односно компаниите да се мотивираат за да почнат да инвестираат, за да можеме да очекуваме добри резултати во целата економија

 

Претходно «
Следно »