Држава без народ – Бела чyмa во Македонија: Бројот на починати лани за 6724 поголем од бројот на родени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали пандемијата со ковид 19 придонесе за значително зголемување на морталитетот во Македонија? Во статистиката за новородени и починати објавена од Држанивот завод за статистика се нотираат загрижувачки бројки на ниво на целата држава односно во 2020та, во Македонија се родиле 19.031 лица а умреле 25 755 со што се забележува негативен природен прираст од дури 6724 луѓе.

Поранешниот прв човек на Статистика Дончо Герасимовски, причините за негативниот тренд ги лоцира во константното иселување на населенито во изминатиот период но и во појавата на вирусот ковид-19.

Високата смртност на населението во 2020 година го направи своето, ништо нема да биде различно според оние состојби кои ги имаме и оваа година. Според тоа останува дека овој тренд може да продолжи и во понатамошниот период и состојбите треба да бидат во земјата во однос на демографската слика малку загрижувачки.

Герасимовски вели дека планираниот попис во септември ќе даде целосен одговор на реалната слика во земјата за бројот на населението и алармира дека со негативниот тренд на смртност и иселување појавите ќе бидат катастрофални за демографската слика во Македонија.

Со намалување на наталитетот и со високата смртност со која е зафатена нашата земја, тогаш оние населени места некаде околу 160 кои во 2002 според пописот имаа 10 жители население, тогаш рачунајте што настанало во изминативе 20 години на оваа појава на намалување и испразнување на населението.

Според Герасимовски гледано според етникумот на населението константен пад се забележува кај македонското и српското население додека пак кај албанското, турското и ромското се забележува минимален процент на подобрување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This