ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА:Во Македонија живеат над 2 милиони жители

  • January 2, 2018

Според статистичките податоци на крајот на 2016 година во Македонија живееле 2.073.702 жители, а најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Според податоците на Државнито завод за статистика 2.144 лица се иселиле од Македонија, додека 8.887 ги промениле местото и адресата на живеење.

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години. Вредноста на тоталната стапка на фертилитет во 2016 година изнесувала 1.50 живородени деца на една жена.

Најголемиот дел од родените деца, односно 88 отсто се родени во брак, а намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Во 2016 година склучени се 13.199 бракови, а бројот на разведени бракови е 1. 985. Просечната возраст при склучување на прв брак е 26,5 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

Бројот на умрените лица во 2016 година, изнесува 20.421 умрено лице, а просечната возраст кај мажите изнесувала 70,3 години, а кај жените 74,7 години. Најзастапени причини за смрт во Македонија биле болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53,5 отсто, потоа неоплазмите со 19 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5,5 отсто…

Природниот раст во Македонија изнесува 1,2 отсто.

Последниот попис на население во Македонија е извршен во 2002 година.

Претходно «
Следно »