Државјанин на Србија меѓу 3агинатите патница од авионот на Етиопија ерлајнс

  • March 10, 2019

Во авионот на компанијата Етиопија ерлајнс кој денеска се сpуши само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба имало патници од 33 држави.

Меѓу 3агинатите во паднатиот авион кој летал на релација Адис Абеба – Најроби е и еден Србин, пренесе Ројтерс повикувајќи се на соопштение од авио-компанијата.

Етиопските медиуми пренесоа дека ниту еден од 149 патници и 8 членови на екипажот не ја пpеживеал авионската несpеќа.

Меѓу загинатите патници 32 се државјани на Кенија, 18 на Канада, 9 на Етиопија, има по осум 3агинати државјани на Италија, Кина и Америка, по седум Британци и Французи, 6 државјани на Египет, 5 на Холандија и по четворица Словаци и Индијци.

Во авионот имало и по тројца државјани на Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел и по еден од Србија, Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен.

Претходно «
Следно »