ДРКАОНСКИ КАЗНИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ: Новиот закон предвидува казни од 1500 до 2000 евра за најранливите категории во општеството кои се борат за корка леб

  • December 21, 2018

Власта не реагира по критиките за новата мерка, за бркањето на пензионерите, хонорарците и оние кои се вработени од зелените пазари. Внимавајте, законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари, и предвиделе казни од 1500 до 2000 евра за тие лица! Наметнуваат лиценци кои ќе важат од Нова Година, а потоа ќе казнуваат, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Црната власт не се грижи за народот, во нивните политики нема ниту С за социјални политики, тоа С е само за Северна. Не мислат дека оние кои што се на минималец, со мала плата хонорар или пензија, не им стасува да преживеат во услови на спирала на покачување на цените. Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите! Ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб и продаваат на пазар. Се работи за една третина од оние кои тргуваат на зелените пазари, тоа се околу 20 илјади луѓе, тоа се 20 илјади семејства, тоа се во просек 80 илјади усти за ранење!, рече Стоилковски и додаде:

„Зоран Заев, оној црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. Оваа мерка удира по чесните, а онеправдани, оние за кои државата не одвојува доволно, а им го поскапува преживувањето, оние кои наместо живот, повторно се туркаат во црнила. Оваа мерка, во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 вработени од ранливите категории! За оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште! Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите. Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот“.

Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари, потенцираше тој, нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и да го дополнуваат буџетот за да носаат храна дома.

-Власта ги зацрнува зелените пазари. Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% од трговците на пазарите ќе бидат спречени чесно да носат денар повеќе во своите домови! И ќе казнува со илјадници евра! Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход. Оваа црна мерка мора веднаш да се спречи, да престане хајката по луѓето од зелените пазари,  казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија.

Претходно «
Следно »